Ѕвегор (река)
Ѕвегор | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Брегалница |
Должина | 8,5 км |
Особености на сливот |
Ѕвегор — река во Источна Македонија и десна притока на реката Брегалница.
Потекло на поимот[уреди | уреди извор]
Реката Ѕвегор своето име го добила по истоименото село Ѕвегор низ коешто поминува.
Течение[уреди | уреди извор]
Реката извира на планината Влаина. Нејзиното течените продолжува низ Делчевската Котлина, каде што поминува низ истоименото село Ѕвегор, а потоа се влева во реката Брегалница во близина на градот Делчево. По долината на реката се протега меѓународниот пат Делево-Благоевград.[1]
Хидрографија[уреди | уреди извор]
Реката Ѕвегор е долга 8,5 км, а нејзиниот просечен наклон изнесува 7,05 %.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 32. ISBN 978-9989-2117-6-8.