Ѓердапска Клисура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хидроелектраната Ѓердап

Ѓердапска Клисура (романски: Porţile de Fier, унгарски: Vaskapu, словачки: Železné vráta, турски: Demirkapi, германски: Eisernes Tor, бугарски: Железни врата) – најдолга и најголема клисура во Европа. Формира дел од границата меѓу Романија и Србија, при што Романија е северно, а Србија јужно. Клисурата е национален парк од двете страни, од романската страна е националниот парк Железна врата, а од српската страна националниот парк Ѓердап.

Назив на клисурата[уреди | уреди извор]

Романскиот, унгарскиот, словачкиот, турскиот, германскиот и бугарскиот назив имаат значење железна врата, додека на бившојугословенските простори е позната како Ѓердапска Клисура или само Ѓердап.

Котлини и клисури во Ѓердапската Клисура[уреди | уреди извор]

Ѓердапската клисура претставува композитна (ја сочинуваат наизменично 4 котлини и 4 клисури), антесцедентна (засекувањето на коритото одело паралелно со тектонските поместувања) долина и изгледа вака:

  • Голубачка клисура
  • Љупковска долина
  • Клисура Госпоѓин вир
  • Долномилановачка котлина
  • Клисура Казан
  • Оршавска котлина
  • Сипска клисура
  • Влашко-понтиска низина

Во клисурата има археолошки наоѓалишта и културно-историски споменици, како што се населбите Лепенски Вир, Голубачки Град, остатоци од Трајановиот мост, Трајановата плоча, како и разни сочувани примери на народната словенска архитектура.

Акумулација[уреди | уреди извор]

Ада Кале во 19 век

Во 1964 година почната е изградба на хидроелектрана за која цел е направена брана на излезот од клисурата. Ова довело до подигање на нивото на водата и потопување на речниот остров Ада Кале. Акумулацијата се нарекува Ѓердапско Езеро.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Хидроелектрана Ѓердап