Разговор со корисник:Guitardemon666: Разлика помеѓу преработките

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Здраво!
Нема опис на уредувањето
Ред 81: Ред 81:


*И чкембар да си, може да бидеш Комита, не ми смета ;) --[[Корисник:Комита|Комита]] 22:33, 8 Април 2006 (UTC)
*И чкембар да си, може да бидеш Комита, не ми смета ;) --[[Корисник:Комита|Комита]] 22:33, 8 Април 2006 (UTC)

== Грчки ==

Ако знаеш грчки можеш многу да помогнеш на англиската википедија. Нашите страници се под постојан напад од грците и постојано се координираат со пораки на грчки јазик. Само внимавај, некој од нив знаат македонски и шпиунираат дури и тука. Поздрав --[[Корисник:Aleksandar SK|Aleksandar SK]] 13:27, 30 Април 2006 (UTC)

Преработка од 15:27, 30 април 2006

Хеј User:Guitardemon666, дај stavi '''{{Патрлок}}''' во статиите. Поздрав и добродојде! User:SkiSki

Здраво и од мене! Се надевам дека ќе имаме успешна соработка. Инаку, би било фино да го допреведеш текстот за Светска Банка - кандидат е за статија на месецот :). --FlavrSavr 10:34, 26 May 2005 (UTC)

Здраво, здраво

Многу ми е мило што ете некој, освен јас и Ивица пишува. Да ти одговорам на прашањето - да, најактивни сме јас, ти и Ивица (јас малце слабо периодов, колоквиумска недела на факс ми е) - но има и други активни корисници - пр. SkiSki, Sikavica, She, DimitarT, Makedon, Qurqa, 5ko и други анонимни и неанонимни корисници што пишуваат/менуваат по некоја статија. Што се однесува до тоа зошто нема интерес, те уверувам дека јас и Ивица направивме доста досега за нејзина промоција - објавивме на некои форуми (ако знаеш некој форум кај што би можеле да се најдат луѓе да пишуваат, кажи им), јас на сите познати и непознати почнав да им зборувам, посебно сакав да ја анимирам Слободен Софтвер заедницата тука (нели, природно би било тие да бидат предводници на ова), а објавив и сторија на bagra.org (да не дозна за сајтов од таму?), а сега подготвив и банерче што ќе го постават таму. Причината зошто не објавив на големи сајтови (како на пр. On.net) или по весници и телевизија е затоа што моментално и сам гледаш каква е состојбата на сајтот (слаба администрација, слаба насловна страна, непреведен интерфејс, слаба категоризација, непреведени помошни статии: како да променам статија, како да ставам линкови итн.) што во старт би одбило многу потенцијални пишувачи.

За да ти одговорам на прашањето зошто сеуште немаме преведен интерфејс, ќе морам да ти раскажам малце како тоа почнавме, јас и Ивица, да пишуваме тука. Имено, ние сме тука некаде од крај на март, а дотогаш ова имаше 50 и нешто статии и непреведен интерфејс (типот што ја почнал википедијава ја забаталил). Во прво време идејата ни беше да напишеме што повеќе статии за да не стават на 100+ листата на главната Wiki страна, и да се "справиме" со некои бугарски корисници кои си пишуваа на бугарски јазик, си изнесуваа претенциозни еднострани текстови за нашата историја итн, итн. Тука ни отиде еден месец време и енергија. Потоа јас се заангажирав и се информирав (голема помош ми даде и админот на бугарската Википедија 5ko - не сите бугарски корисници тука се однесуваат како вандали, за да немаш погрешен впечаток) за тоа како да се преведе интерфејсот. Се работи инаку за еден php language код за кој и јас и Ивица првпат се среќаваме (ние не сме програмери), па сметавме дека ќе биде попаметно да ангажираме некој поискусен на тоа поле, пред да направиме некаква сериозна грешка. Јас некаде крај на април го убедив Misos, да помогне да го преведе овој код и човекот заради објективни причини, највеќе, не можеше да го допреведе до пред некое време. Сега кодот е 85% преведен и го чекам да ми го допреведе, и заедно со него да посветиме еден ден да ги разгледаме целосно спорните моменти (бидејќи немаме стандари за превод на софтвер, има тешкотија при превод на голем број термини). Тоа би требало да се случи на почеток на јуни, кога јас би бил послободен. После ќе го пратам тоа на метавики, и ќе треба да почекаме некое време додека не го Update-уваат.

Ти продолжи да пишуваш за тоа време и нека не те обесхрабрува недостигот на интерес. Познавам луѓе што ветија дека ќе се заангажираат повеќе, интерфејсот ќе се преведе, и со време ќе објавиме на On.net и ќе почне да доаѓа народ - освен ако не ги стрефи македонскиот синдром на резигнираност во меѓувреме. Мене ми е многу жал што програмерската интелигенција не се нафатила на ова, па повеќе добиваме помош од бугарската и српската википедија, одошто од нашата. За некој ден 5ko ќе пушти апликација која автоматски ќе генерира template страни за години и датуми со кои автоматски ќе се зголеми бројот на страници до 3000. Овие статии и уште многу ќе мора да се пополнат, посебно помошните статии за како се пишува на Википедија и слично. Затоа, верувај, ти си од голема помош со твоите статии, и би било супер да продолжиш да пишуваш. Поздрав! (ако имаш уште нешто да прашаш прати ми меил на slobodanjakoski@yahoo.com) --FlavrSavr 20:21, 26 May 2005 (UTC)

    • Цобе веќе ти ја објаснил ситуацијата, така што јас само ќе те поздравам со некои бројки - доколку не си запознаен со страната за повеќејазична статистика, оди на http://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:Multilingual_statistics . Таму ќе видиш како развојот на македонската Википедија се одвива од еден во друг месец и како тој развој се споредува со другите Википедии (прочепај, ќе видиш и убави индивидуални графици и табели). Надминеме ли преку 200 нови статии за овој месец (а еве лично ќе се погрижам за тоа во следниве час-два), нели покрај сите измени и слично, мај е успешен месец (според мене). Што остава тоа за јуни? Како што кажа Цобе, превод на интерфејсот и помошните страни, а потоа и уште 250-300 нови статии, не би било лошо нели? Туку да се нафатиме на работа... Голем поздрав! --Ivica83 23:33, 26 May 2005 (UTC)

Друго значење

Еј, денес имав малку време и го направив следниот шаблон (template) {{Другозначење}}, можеш да го искористиш, ставајќи го на пр. на некоја страница што може да има друго значење, како што направив на статијата за Гоце Делчев. Моментално немам време (полагам до вторник и среда), и незнам дал и ќе стигнам во меѓувреме да направам и шаблон за страниците за појаснување (каде ќе се наоѓаат повеќе значења на еден термин). Дотогаш, испробај го ова. --FlavrSavr 01:30, 28 May 2005 (UTC)

Гитари и сликитн.

За копирајт викаш „Таму не пиши ништо па мислам дека нема.“ За жал, има. Најдобро земи камера па испали неколку слики од својата „колекција“. Или барај овде: http://creativecommons.org/find/ - се што таму најдеш може да оди на вики под услов да дадеш напомена дека се под СС лиценца и име на авторот и урл-от. Тоа што го тргна епифон, срам да те биде! ;-) Гибсон нив ги купи 1950 г. и еден ден може да ги продадат. Џон Ленон и Џон Ли Хукер као и монгу џез гитаристи имаат свирено Епифонки. Ево една фотка: http://www.flickr.com/photos/kathryn/112270/, авторот е Kathryn Yu, аку сакаш, качи ја. Најомилена гитара во задно време ми е Carvin Bolt Kit. Поздрав, --SkiSki 13:48, 28 May 2005 (UTC)

Ти праша да ли можеш да ги качиш сликите во смисол на тоа да ли имаш право. Тука одговорот е јасен: Немаш. „solely for your own personal use“ значи баш тоа: кај тебе дома а не на википедиа.

Тоа немој да го бркаш со други прашања, нпр.: 1. Да ли ќе те фатат, и 2. Да ли е етички коректно да се крши нивното законско право.

Јас милсам дека нема да те фатат ;-). Али тоа што јас мислам нема врска.

Да ли е етичко коректно да се гребнеш? Мислам дек е ОК во смисол на фер употреба. Но да би го остварил своето право на фер упоптреба треба да го означиш изворот.

Моето лично милење е дека сите тие фирми имаат доволно пари да се рекламираат и не треба да им чиниме услуга во википедија. Но ти види, прави како сакаш и како ти лежи интересот. Поздрав --SkiSki 16:10, 30 May 2005 (UTC)

Англиски имиња

Мислам дека со англиските имиња на музичарите во статијата Поп, англиската алфабета станува премногу користена. Во ред, и да се сложиме дека имиња на бендови можат да се пишуваат на латиница (Најн Инч Неилс или Рејдиохед изгледа малку чудно), тоа не може да биде случај со лични имиња: ако може Исак Њутн да биде запишан кирилично, тогаш може и Бритни Спирс и Роби Вилијамс и Кит Ричардс. Исто така силно би сугерирал што е можно повеќе имиња да бидат запишани кирилично, меѓу кои и имиња на компании, марки и слично; единствено таму каде што поимот делува претерано чудно да биде оставен во оригинал. Сега ќе ги изменам имињата во статија за поп, а и поназад во твојата историја, па ќе отворам дискусија на главна страна по ова прашање. Поздрав! --Ivica83 19:44, 29 May 2005 (UTC)

Значи, се сложуваме :) Поздрав!
По пат, The во фрази како The Beatles стандардно се игнорира, така што за прва буква на името би се земала B (во овој случај, R за The Rolling Stones итн). Ова важи и за листи на бендови што се ставаат под азбучен ред. Битлс, значи, треба да стојат под Б. --Ivica83 20:03, 29 May 2005 (UTC)


Јас мислам вака: насловот да биде на латиница, да има search и на кирилица и латиница што ќе редиректува на страницата, а за секоја група во првата реченица во заграда да се стави како се чита името на македонски. Бива така? --FlavrSavr 21:09, 29 May 2005 (UTC)

Република Македонија и членови

Здраво. По повод дискусијата околу името што треба да се користи во географските статии - Република Македонија или само Македонија - не би сакал да ги менувам твоите измени без твоја согласност или без одлука од трет и четврт човек. Всушност, се надевам дека мојот одговор на главната страна е доволно убедлив да посакаш сам да ги вратиш измените во статиите за нашите соседи, затоа што конечно, таквата статија ќе биде за малку поточна (се согласуваме дека дали етнички, дали географски, Македонија исто така ги содржи и Пиринска и Егејска Македонија, така?). Во продолжение, забележав дека во индексите ги броиш Битлс и Ролинг Стоунс под „т“ што е неточно. Членот се игнорира во значајните англиски индекси. Битлс обично се наоѓаат под Б а Ролинг Стоунс под Р, Секс Пистолс под С итн. И за ова сепак ќе оставам сам да одлучиш поисправно, па со време ќе имаме и трето и четврто мислење што ќе го стандардизира тој сегмент од википедијата. Во секој случај, продолжи со работа, ене кај е 1000-та :) Поздрав! --Ivica83 10:48, 5 June 2005 (UTC)

Англиски јазик

Здраво. Ми се допаѓа што конечно се наоѓа јунак да ги прошири географските статии вклучително со табели и државни симболи; подоцна во текот на денот ќе се обидам да ти се придружам. Сепак, би ти препорачал да го преведуваш текстот од англиски на македонски или барем привремено да го префрлиш на дискусионата страна додека тој не се преведе. Мислам дека ти е позната причината за ова барање - доколку има текст на англиски по статиите (дури и привремен), ќе мораме да прифатиме и бугарски и други јазици што ќе не доведе назад во точка нула на јазичниот спор. Тоа е фер договорот што преќутно го направивме во времето кога на овие страници имаше повеќе бугарски корисници отколку македонски и со оглед на тоа дека тој договор претежно е почитуван (обично корисниците уфрлаат бугарски текст се новајлии и не се информирани), би требало и ние да се придржуваме до нашиот дел. Во секој случај, имаш поддршка од мене за напорот, и како што кажав, подоцна ќе ти се приклучам во преводот. Вака-така, надминавме илјадарка, а? :) Поздрав! -- Ivica83 10:27, 10 June 2005 (UTC)

Обично во македонските медиуми се користи КазаХстан; а колку што сум запознаен со англиската комуникација, изговорот е или КазаХстан или нешто многу слично на тоа. Што се однесува до 1000+, вести за надминувањето на бројката пуштив во среда, а вчера и формално побарав смена на главната страна (и бројка и буква). Доколку немаме повратна информација до понеделник, одново ќе го поставам барањето. Во секој случај, не се разочарувај ако не добиеме потврден одговор две или три недели - како што се покажа минатиот пат кога исто така чекавме некое време за 100+, измената е неизбежна. Поздрав! -- Ivica83 16:50, 10 June 2005 (UTC)

Казахстан

Речиси сум сигурен дека името на државата, т.е. онака како се нарекува во македонскиот јазик е Казахстан. Kh се чита х во англискиот јазик (на пр. Хазарите се нарекуваат Khazars), а освен тоа мислам дека на сите словенски јазици името на државата е Казахстан (руски, српски, словенечки, словачки, украински итн.). Покрај тоа, најчесто и во другите несловенски јазици се користи буквата h, ch, kh и слично. Што се однесува до 1000та статии, барем 30% од нив се празни шаблони за години и датуми, но, да имаш право, можеме да побараме да не стават во таа листа. --FlavrSavr 16:51, 10 Jun 2005 (UTC)

Ну метал

ОК, коментарот на 62.162.226.172 не е на место, додека, останатиот дел, изобилува со проблематични фрази, како "најјак", "најдобар" (треба да се избегнуваат вакви фрази, некој сигурно ќе се најде да не се согласува со нив) итн. Во секој случај, треба да се каже дека многумина не се согласуваат дека Nu Metal е метал музика (без разлика дали е или не е), бидејќи нивното мислење е релевантно. Во никој случај, не смее да се каже дека било која страна "нема врска". Не верувам дека латиничните зборови се поставени со лоша намера, меѓудругото ќе му го спомнам и тоа на 62.162.226.172, доколку продолжи со такви мали испади. Поздрав. --FlavrSavr 18:18, 11 Jun 2005 (UTC)

Здраво

Што те снема толку време?!? --FlavrSavr 00:45, 22 Февруари 2006 (UTC)

Хад или Ад

Во право си кога велиш дека многу од хеленските имиња се пишуваат вестернизирано. Но Ад е исклучок. Зборот сум го сретнал како таков во многу прилики, а можам и да ти демонстрирам дека така стои и во англиско-македонски речник ---> тука. Само напиши Hades и види што ќе излезе. Се разбира, додека работава не се реши, не би сакал да менувам, бидејќи сум 100% убеден дека тоа е така. Поздрав. --Б. Јанкулоски 23:02, 3 Април 2006 (UTC)

  • Пербарав на Гугл „богот Хад“ и „богот Ад“ и за првото наоѓа само дв, а за второто само едно кои се однесуваат на него. Едното од ове што се за Хад е од Утрински Весинк и ним не би им верувал. Така да според пребарувањето во Гугл сме фифти-фифти.

Јас се водам по логиката дека тоа е еден ист збор заради тоа што се однесува и на подземјето (пеколот) и на богот на подземјето. На англиски тоа е исто, што е правилно, така да не гледам зошто би било различно на македонски. Доколку сметаш дека сепак на македонски се разликува, тогаш ќе го смениме. Таа разлика би се должела на грешка и непрофесионалност од страна на тие што ја направиле, но ние мораме да ги слушаме :-) --Б. Јанкулоски 09:48, 4 Април 2006 (UTC)

За кутиичките

Кутиичките се нарекуваат Userboxes и можеш да ги најдеш тука со тоа што јас ги искористив само оние што се релевантни на мене,а плус си направив и нови. Проблемот е во тоа што овие сеуште не постојат на нашата Википедија и затоа ќе треба да ги копираш кај тебе наново (за фиксните) или да си ископираш некое, а потоа да му ја менуваш сликата, позадината, текстот и тн. и да си направиш свое врз база на него. Доколку ти треба помош со нешто или нешто да ти покажам, тука за да помогнам со сѐ што ќе побараш. впрочем затоа се кандидирам и за администратор нели? *By the way, гласаше? Се гласа За, Против или Воздржан за мојата кандидатура и засебно истото за кандидатурата на Комита. Значи ние не сме си конкуренција туку работава е само дали сте за или против за да стане администратор секој од нас засебно. Еве ја страната за гласање ---> Wikipedia:Администратори. Поздрав и прашувај што треба! :-) --Б. Јанкулоски 23:21, 5 Април 2006 (UTC)

Здраво!

Ти благодарам за добрите зборови. Еве поклон од мене за новата корисничка страница -

Овој корисник е Комита.



  • И чкембар да си, може да бидеш Комита, не ми смета ;) --Комита 22:33, 8 Април 2006 (UTC)

Грчки

Ако знаеш грчки можеш многу да помогнеш на англиската википедија. Нашите страници се под постојан напад од грците и постојано се координираат со пораки на грчки јазик. Само внимавај, некој од нив знаат македонски и шпиунираат дури и тука. Поздрав --Aleksandar SK 13:27, 30 Април 2006 (UTC)