Money and Cigarettes е албум на Ерик Клептон, издаден во 1983. Сликата на албумот го отсликува Клептон со цигара во раката, а до него има искршена фендер стратокастер гитара. Ерик Клептон му го доделил ова име на албумот за потоа да објасни: „затоа што тоа е сè што видов дека преостанало од мене“[4] Синглот „I've Got a Rock 'n' Roll Heart“ станал голем хит во САД преземајќи ја осумнаесеттата позиција, но истиот бил релативно неуспешен во Обединетото Кралство каде што не ги достигна ни првите 50.