Riding with the King (албум на Би Би Кинг и Ерик Клептон)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Riding with the King
Студиски албум од Би Би Кинг и Ерик Клептон
Издаден 13 јуни, 2000
Жанр Блуз рок
Траење 61:13
Издавачка куќа Reprise Records
Продуцент Ерик Клептон, Симон Клептон
 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 4/5 ѕвездички[1]
Entertainment Weekly A[2]
The Spokesman-Review Mixed

Riding with the King е блуз албум од Ерик Клептон и Би Би Кинг кој е издаден во 2000. Овој албум е нивната прва соработка и ја доби греми наградата за најдобар традиционален блуз албум. Албумот го достигна првото место на листата на најдобри блуз албуми во Билборд магазинот и во САД му е доделен сертификат платинум.

Генерлано, албумот бил позитивно искоментиран од музичките критичари иако некои сметале дека можело да биде и подобро.

Историја[уреди]

Riding with the King е првиот албум во соработка на Ерик Клептон и Би Би Кинг.[1] За прв пат, заедно свиреле во „Cafe Au Go Go“ во 1967 во Њујорк Сити кога Клептон има 22 години и бил член на „Cream“, но не снимале заедно се до 1997 кога Кинг соработувал со Клептон за песната „Rock Me Baby“.[3][4] Клептон со задоволство свирел при соработката и отсекогаш сакал да сними албум со Би Би Кинг.[3] Кинг рекол дека често разговарале за тој проект и на тоа додал: „Му се восхитувам на тој човек. Мислам дека тој е број 1 во рокенролот како гитарист и број 1 како одлична личност.“[3] Во времето кога е снимен албумот „Riding with the King“ Клептон имал 55, а Кинг 74 години.

Клептон започнал со снимањето сесии за „Riding with the King“ и вклучил некои од неговите регуларни сесиски музичари во изработката на албумот. Тој, исто така, ги избрал и песните и го продуцирал албумот заедно со неговиот соработник на неколку претходни албуми, Симон Клими.[1] Иако ова асоцира на албум на Клептон кој е снимен со Кинг, Клептон му ја препуштил главната улога на Кинг со тоа што тој преовладува со неговиот вокал и гитарски сола.[5]

Содржина[уреди]

Албумот содржи пет песни на Кинг од 1950-тите и 1960-тите: „Ten Long Years“, „Three O'Clock Blues“, „Help the Poor“, „Days of Old“ и „When My Heart Beats Like a Hammer“.[3] Во останатите песни се вклучени „Key to the Highway“ на Биг Бил Брунзи (која Клептон ја снимил во раните 1970-ти со „Derek and the Dominos“), „Worried Life Blues“ на пијанистот од Чикаго Месио Мериведер, преработка од композицијата „Hold On, I'm Comin'“ на Исак Хеис и „Come Rain or Come Shine“.

Песните се микс од акустични („Worried Life Blues“) и електрични песни ("Three O'Clock Blues") и неколку бавни („Ten Long Years“) до средно брзи („Help the Poor“).[2]

Список на песни[уреди]

  1. „Riding with the King“ (Џони Хајет) – 4:23
  2. „Ten Long Years“ (Би Би Кинг, Џулс Тауб) – 4:40
  3. „Key to the Highway“ (Биг Бил Брунзи, Чарлс Сигар) – 3:39
  4. „Marry You“ (Дојли Бремхал, Сузана Мелвоин, Крег Рос, Сигар) – 4:59
  5. „3 O'Clock Blues“ (Кинг, Тауб) – 8:36
  6. „Help the Poor“ (Чарлс Синглитон) – 5:06
  7. „I Wanna Be“ (Бремхал, Секстон) – 4:45
  8. „Worried Life Blues“ (Масио Мериведер) – 4:25
  9. „Days of Old“ (Кинг, Џулс Бихари) – 3:00
  10. „When My Heart Beats Like a Hammer“ (Кинг, Тауб) – 7:09
  11. „Hold On, I'm Comin'“ (Исак Хеис, Дејвид Портер) – 6:20
  12. „Come Rain or Come Shine“ (Харолд Арлин, Џони Мерсер) – 4:11

Личности[уреди]

Би Би Кинг (лево) и Ерик Клептон (десно)
  • Би Би Кинг - вокали, гитара
  • Ерик Клептон - вокали, гитара
  • Дојли Бремхал II – гитара, пратечки вокали
  • Енди Лоу – гитара
  • Џими Вон – гитара
  • Џо Семпл – пијано
  • Тим Кармон – хамонд
  • Натан Ист – бас гитара
  • Стиви Гад – тапани
  • Сузана Мелвоин – пратечки вокали
  • Венди Мелвоин - пратечки вокали
  • Пол Волер – програмирање, аранжман

Продукција и уметничка преработка[уреди]

  • Алан Даглас – инжинер, миксер (песни 2, 3, 5, 8 до 11)
  • Том Свинеи – асистент инжинер
  • Мик Гузоски - миксер (песни 1, 4, 6, 7, 12)
  • Ерик Клептон – продуцент
  • Симон Клими - комјутерско програмирање
  • Роберт Сибри – уметничка изработка на фотографија
  • Дон Полсен – уметничка изработка на фотографија
  • „Wherefore Art?“ – уметнички дизајн
  • Сивен Вокер – уметничк насока

Највисоки позиции на музичките листи и сертификати[уреди]

Највисоки позиции на музичките листи[уреди]

Година Листа Позција
2000 US Billboard 200[6] 3
Top Blues Albums[6] 1
Top Internet Albums[6] 1

Сертификати[уреди]

Држава Доделил Сертификат
САД RIAA 2× Мулти-платинум[7]

Награди[уреди]

Година Награда Победник
2000 Греми награда за најдобар традиционален блуз албум Симон Клими (продуцент), Алан Даглас (инжинер), Ерик Клептон (продуцент, артист) и Би Би Кинг (артист) за Riding with the King[8]

Наводи[уреди]