Plastic Ono Band

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Plastic Ono Band
Потекло Лондон, ОК
Жанрови Рок, експериментална музика
Период на активност 1969–1975
2009–present
Издавачи Apple Records
Соработници The Beatles“, „The Yardbirds“, „Manfred Mann“, „Yes“, Френк Запа, Ерик Клептон, Џон Ленон, Јоко Оно
Мреж. место Official site of The Plastic Ono Band
Членови
Јоко Оно
Син Ленон
Корнелиј
Јука Хонда
Ерик Клептон
Клос Вурмен
Џим Келтнер
Поранешни членови
Џон Ленон
Џорџ Харисон
Ринго Стар
Били Престон
Фил Спектор
Ники Хопкинс
Кејт Мун
Алан Вајт
Боби Кејс

Plastic Ono Band била концептуална супер група формирана од Џон Ленон и Јоко Оно во 1969 пред распадот на „the Beatles“. Помеѓу големиот број на членови во бендот се и Ерик Клептон, Клос Вурмен, Алан Вајт, членови од „Delaney, Bonnie & Friends, тапанарот на „the Who“ Кејт Мун, Били Престон, Ники Томпсон, Фил Спектор, тапанарот Џим Келтнер и Син Ленон.

Името[уреди]

Во 2010 Јоко Оно дискутирал за потеклото на името на „Plastic Ono Band“: „Кога бев прашан да направам шоу во Берлин пред Џон и Јас да бидеме заедно, јас сакав да употребам четири пластични маси со снимени ленти на секоја од нив и да ги употребам како мој бенд. Му ја кажав оваа замислам на Џон и тој веднаш ја состави фразата „PLASTIC ONO BAND“.“[1]

Оригинална верзија[уреди]

Во 1968 Џон Ленон ја започнал неговата лична и професионална врска со Јоко Оно по соработката на експерименталниот албум „Two Virgins“. По вториот дел од албумот, „Unfinished Music No.2: Life With The Lions“, кој се појавил во пролетта, 1969, Ленон и Оно одлучиле сите нивни понатамошни снимки да бидат запишани како снимки на „Plastic Ono Band“. Нивното мото, „Ти си „Plastic Ono Band“, иницирало на тоа дека сите биле дел од групата. Фактички, „Plastic Ono Band“ служел како опис на секоја работа помеѓу Ленон, Оно и секој што соработувал со нив двајца. И Ленон и Оно уште долго време го користеле името на нивните идни соло албуми. Издавањето на синглот „Give Peace a Chance“ во јули, 1969, снимен во хотелска соба во Монтреал, Квебек, со многу учесници, било првото издание од „Plastic Ono Band“.

Единсвениот албум припишан на „Plastic Ono Band“, Live Peace in Toronto 1969, бил снимен за време на „Toronto Rock and Roll Revival“ на 13 септември, истата година, и ги вклучувал Ерик Клептон на водечка гитара, Клос Вурмен на бас (како стар пријател на Ленон од Германија кој бил заслужен за обвивката на албумот Revolver од „the Beatles“) и Алан Вајт како тапанар. На чело на групата биле Ленон и Оно. Изведбата на Ленон е цитирана како изведба која му да дала храброста за неколку дена подоцна, на останатите членови на „the Bratles“, да им каже дека го напушта бендот.

Албумот во 2009[уреди]

Албумот од 2009, „Between My Head and the Sky“, е припишан на Јоко Оно/„Plastic Ono Band“. Тоа била првата употреба на името „Plastic Ono Band“ по компилациониот албум „Shaved Fish“ од 1975. Целосно новиот поредок ги вклучувал, помеѓу другите, Син Ленон, Корнелиј и Јука Хонда. Продуцентската работа ја поделиле Јоко Оно и Син Ленон заедно со преработки од Бил Кејтс, Били Мартин, Демиен Прајс, диџеј Чернобил, Хорги Артахо, Кинг Луис, Конард Бер, Мабарак, Медион, Педро Вејнер, „Posterboys“, „Rondo Brothers“ и др. „Between My Head and the Sky“ бил издаден на 29 септември, 2009, и добил импресивни критички придобивки меѓу кои четири и пет ѕвезди од „Rolling Stone“, „Mojo“, „Spin“, „Uncut“, „Q, NME“, „Nylon“, „Pitchfork“ и други. Во почетокот на 2010 „Plastic Ono Band“ се реобединил со неговите оригинални членови, односно Ерик Клептон, Клос Вурмен и Џим Келтнер заедно со специјални гости меѓу кои биле и Ким Гордон, Тарстон Мур, Бети Мидлер, Лејди Гага, Марк Ронсон, „Scissor Sisters“, Харпер Симон, Пол Симон и Џини Вин. На 2 октомври, 2010, „Plastic Ono Band“ свиреле во живо во Лос Анџелес заедно голем број на специјални гости.

ДВД издание[уреди]

„Shout! Factory“ го издале единствениот снимен концерт, „Live Peace in Toronto 1969“, на ДВД во јуни, 2009. Тука биле вклучени изданијата во живо на Еби Роуд заедно со познати преработки на „Beatles“. Исто така, на дискот има и интервју од 1988 со Јоко Оно.

Наводи[уреди]

External links[уреди]