Behind the Sun е албум на англискиотгитаристЕрик Клептон. Името на албумот произлегува од стих од „Louisiana Blues“ на Алберт Кинг. Албумот, исто така, е и првата соработка на Клептон со Фил Колинс. Често опишуван како „повратен албум“, тој достигнал високи позиции во Обединетото Кралство и во САД. По отприлика една декада од Клептоновото повлекување како главен гитарист овој албум вклучува едни од неговите најдобри свирења на гитара од времето на бендот „Cream“ во 1960-тите. Синглот „Forever Man“ вклучува одлично соло отсвирено од Клептон. Исто така, албумот е „нашминкан“ со синтисајзери и драм машини отсвирени од Фил Колинс, Тед Темплимен, Питер Робинсон, Мајкл Омертиан, Џејмс Њутон Ховард, Крис Стеинтон и Грег Филингенис како и Клептоновиот гитарски синтисајзер на 9-та песна, односно „Never Make You Cry“. Басистите Доналд Дак и Натан Ист, исто така, свират на албумот.
Во неговата автобиографија, Клептон со задоволство се потсеќа на сесиите од 1984: „Работата во целост се движеше совршено, се надевам никогаш нема да престане“. Како и да е, неговиот проблематичен брак со Пити Боид станал тема на повеќето од оригиналниот материјал, односно „She's Waiting“, „Same Old Blues“ и „Like a Prisoner“ сите овие содржат проширени сола на Клептон. Албумот е сниман во периодот кога Пити го напуштила. Својата болка, најмногу ја пренел во пишувањето на песната „Behind the Sun“ каде што се вклучена само неговата гитара и вокал, а синтисајзерот е отсвирен од Фил Колинс, песна која го обележала крајот на албумот.