Edge of Darkness (музика во филм)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Edge of Darkness
Музика во филм од Ерик Клептон
Издаден ноември, 1985
Снимен Велика Британија
Жанр музика во филм
Траење 18:44
Издавачка куќа „BBC Records & Tapes“
Ерик Клептон — Хронологија
Behind the Sun
(1985)
Edge of Darkness
(1985)
August
(1986)

Edge of Darkness е музика во филм од 1985 снимена од Ерик Клептон и Мајкл Кејмен за британската телевизиска серија „Edge of Darkness“. Оваа песна освои награда од „Ivor Novello Award“ за текст и композиција,[1], а во 1986 ја освои и наградата за најдобра музика од БАФТА.[2]

Позадина[уреди]

За Клептон ова било првото искуство во пишување на песна за филм. Накратко по завршувањето на снимањето за филмот „Бразил“ на Тери Гилјам со неговиот пријател Кејмен, Клептон добил повик од BBC во кој е прашан дали би сакал да ја смини музиката за серијата „Edge of Darkness, а тој му се јавил на Кејмен за да му помогне.[3]

Листа на песни[уреди]

  1. „Edge Of Darkness“ (3:19)
  2. „Shoot Out“ (3:48)
  3. „Obituary“ (2:09)
  4. „Escape From Northmoor“ (3:09)
  5. „Oxford Circus“ (3:17)
  6. „Northmoor“ (3:02)

Издавања[уреди]

Оригинално е продаван како грамафонска снимка и како касета. Реиздаден е во февруари, 1989 како компак диск со променета слика за разлика од претходните изданија каде што сликата била главно црна и црвена.[4] Во 1991, верзија во живо на главната песна, била издадена како сингл заедно со песната „Wonderful Tonight“ која, исто така, била во живо,[5], а е додадена и во албумот во живо „24 Nights“ од 1991.[6]

Наводи[уреди]

  1. Strong, Martin Charles; John Peel (2004). „The great rock discography“. Canongate US. стр. 290. ISBN 9781841956152. http://books.google.com/books?id=_WoRAPJQ58sC&pg=PA290. конс. 3 јули 2010. 
  2. Brandt, George W. (1993). „British television drama in the 1980s“. Cambridge UP. стр. 117. ISBN 9780521427234. http://books.google.com/books?id=MOQbnlogBK8C&pg=PA117. 
  3. Shapiro, Harry (1992). „Eric Clapton: lost in the blues“. Da Capo. стр. 164. ISBN Eric Clapton: lost in the blues. http://books.google.com/books?id=HD21UeGtcZkC&pg=RA1-PA164. 
  4. Strong, Martin Charles; John Peel (2004). „The great rock discography“. Canongate US. стр. 292. ISBN 9781841956152. http://books.google.com/books?id=_WoRAPJQ58sC&pg=PA292. конс. 3 јули 2010. 
  5. Schumacher, Michael (2003). „Crossroads: the life and music of Eric Clapton“. Citadel Pres. стр. 369. ISBN 9780806524665. http://books.google.com/books?id=rrFJmTceXX4C&pg=PA369. 
  6. Шумахер 371-72.