Call of Duty: Modern Warfare 3

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Call of Duty: Modern Warfare 3
Call of Duty Modern Warfare 3 box art.png
Изработувач(и) Infinity Ward
Sledgehammer Games
Издавач(и) Activision
Square Enix (Јапонија)[1]
Дизајнер Глен Скофилд
Мајкл Кондри
Серијал Call of Duty
Погон MW3 погон[2][3]
Последна верзија 1.15 (PS3)
1.11 (Xbox 360)
1.7.413 (PC)
Подлоги Microsoft Windows, PlayStation 3, Wii, Xbox 360
Датум на издавање 360, PS3 и Windows
СА 8 ноември, 2011
АВС 8 ноември, 2011
ЕВР 8 ноември, 2011
Wii
СА 8 ноември, 2011
Жанр(ови) Пукач од прво лице
Режим(и) самостоен, групен (семрежен, мрежен, Nintendo Wi-Fi Connection, PlayStation Network, Xbox Live)
Медиум Blu-ray диск, ДВД-ДЛ, Wii Optical Disc, преземање
Начин на
контролирање
Гејмпад, тастатура и глувче и Wii Remote


Call of Duty: Modern Warfare 2 (исто така нарекувана Call of Duty: MW3, Modern Warfare 3, Call of Duty 8 или едноставно MW3) е пукачка видеоигра од прво лице изработена од страна на Infinity Ward, Sledgehammer Games во соработка со Raven Software и објавена од страна на Activision за Microsoft Windows, PlayStation 3 и Xbox 360. Ова е осмата игра во серијалот, третата игра во Modern Warfare трилогијата и е директно продолжение на Call of Duty: Modern Warfare 2.

Играта беше пуштена во продажба на 8 ноември 2011 година за Microsoft Windows, Xbox 360, PlayStation 3,[4] и за Wii,[5] со посебна верзија за Nintendo DS изработена од n-Space. Во Австралија, Wii верзијата беше пуштена во продажба на 23 ноември 2011 година.[6] Во првите 24 часа од пуштањето во продажба, играта продаде 6.5 милиони копии само во САД и Велика Британија и заработи околу 400 милиони долари, правејќи ја најголемата продажба на сите времиња за првите 24 часа.[7][8]

Гејмплеј[уреди]

Како и нејзините претходници, Modern Warfare 3 е пукачница од прво лице. На Gamescom 2011, Activision потврди дека PC верзијата на Modern Warfare 3 ќе поддржува dedicated сервери.[9]

Кампања[уреди]

Играчот ја зазема улогата на различни карактери во текот на сингл-плеер кампањата, менувајќи перспективи низ приказната, која, како и во нејзините претходници, е поделена на три сета на мисии, наречени "Чинови". Секоја мисија во чиновите, е составена од серија на цели, кои се прикажани на HUD-от, кој ја обележува насоката и растојанието од и до целите. Штетата нанесена на играчот е прикажана преку количеството на крв на HUD-от. Здравјето на играчот се регенерира со текот на времето. Целите во мисиите се разликуваат според нивните побарувања, движејќи се од пристигнување на некое место, елиминарање на непријатели на означена локација, бранење на локацијата од непријателски ескадрони, управување со мини-ган и други оружја и поставување експлозиви на непријателски инсталации.

Кооперативен мод[уреди]

Modern Warfare 3 прикажува нов мод, наречен Преживувачки мод (анг. Survival Mode. Овој мод можат да го играат еден или двајца играчи, борејќи се со бесконечни бранови на непријатели, со што, секој нареден бран е потежок е претходниот. Овој мод е достапен на сите мултиплеер мапи. Играчот заработува пари за оружја, муниција, надградби, воздушна/земјена поддршка и опрема.[10][11] Special Ops модот се враќа од Modern Warfare 2. Во овој мод има предизвикувачки мисии, кои овојпат, наместо 69 (како во Modern Warfare 2), имаат 48 ѕвездички. Некои оружја во Spec Ops се ексклузивни за тој мод, и ги нема во мултиплеерот.[12]

Мултиплеер[уреди]

Новата "Recon Juggernaut" поинтстрик награда во мултиплеер модот.

Целиот Килстрик систем е преработен. Килстриковите се сега познати како Поинтстрикови, и убиствата веќе не се единствениот начин за да се зголеми поинтстрикот на играчот. Извршувањето на цели, како на пример, поставување на бомба во Пронајди и Уништи (анг. Search and Destroy) или заземањето на знамиња во Заземи го Знамето (анг. Capture the Flag) го наградува со поени Поинтстрикот на играчот. Поинтстриковите сега се организирани во три strike packages наречени Assault, Support и Specialist.

Assault работи исто како Килстрик системот од Modern Warfare 2 и Black Ops: играчот мора да освојува се повеќе и повеќе поени без умирање. Кога играчот е убиен, неговите или нејзините поени се ресетираат на 0. Исто така, Specialist ги наградува играчите со перкови после секое второ последователно убиство. По смртта, играчот ги губи сите перкови и поените се ресетирани на нула. Обратно од нив, Support наградува врз основа на сите поени освоени во текот на мечот, без разлика колку пати е убиен играчот. Мора да се напомене дека, доколку играчот одбере друга класа со различен strike package во текот на мечот, сите поени се ресетирани на 0.[13]

Неколку контроверзни перкови од Modern Warfare 2 се отстранети од Modern Warfare 3. "Нуркањето", од станувачка во лежечка позиција, познато како "делфинско нуркање" е отстрането, поради проблеми во балансирањето.[14] Modern Warfare 3 го користи системот за "топла/брза поправка" (анг. hot fix) на Treyarch за поправа на багови и гличови.[15] Во Modern Warfare 3 е вклучена локална и он-лајн опција за "сплит-скрин".[16]

Неколку нови мултиплеер модови се претставени во Modern Warfare 3:

  • "Потврдено Убиство" (анг. "Kill Confirmed") е мод каде што играчот треба да собере лебдечки дог таг (анг. dog tag) од трупот на убиениот непријател пред убиството да биде регистрирано. Сепак, спротивниот тим исто така може да го собере дог тагот за да го негира убиството.
  • "Бранител на Тимот" (анг. "Team Defender") е мод каде што двата тима се обидуваат да го земат знамето од првиот играч кој ќе биде убиен откако мечот ќе почне. Тој тим којшто го има знамето, добива дупли поени за секое убиство, додека другиот тим добива поени по дифолт.

Приватните мечеви сега вклучуваат нови модови: "Инфицирани" (анг. "Infected") - каде што инфицираните ги убиваат непријателите за ги регрутираат во нивниот тим, "Тим Џугернот" (анг. "Team Juggernaut") - каде што секој тим игра со Џугерноти со AI (вештачка интелегенција), "Gun Game" - каде што играчот со секое ново убиство добива и ново оружје, "Еден во Комората" (анг. "One in the Chamber") - каде што секој играч има пиштол со еден куршум и три животи, а куршум се добива со убиство на играч) и "Џугернот" (анг. "Juggernaut") - каде што секој игра за себе против Џугернот и играчот треба да го убие за да стане ист таков. Исто така, на играчите им е дозволено да направат свои модови со прилагодени опции, како на пример, бројот на играчите и временскиот лимит.




Наводи[уреди]

  1. „Square Enix Confirms Call of Duty Modern Warfare 3 For Japanese Release“. http://www.andriasang.com/e/blog/2011/06/08/call_of_duty_mw3_jpn_release/. конс. 8 јуни 2011. 
  2. Marcus Yam. „Call of Duty: Modern Warfare 3 Engine Focused on Gameplay“. Tom's Hardware US. http://www.tomshardware.com/news/call-of-duty-modern-warfare-3-mw2-cod-mw2,13370.html. конс. 6 септември 2011. 
  3. Bowling, Robert. „IAm Robert Bowling, Creative Strategist on Modern Warfare 3 AMA“. reddit. http://www.reddit.com/r/IAmA/comments/hwkjy/iam_robert_bowling_creative_strategist_on_modern/c1yyuos. конс. 26 мај 2012. 
  4. Hoggins, Tom. „Call of Duty: Modern Warfare 3 release date“, „The Daily Telegraph“, 17 мај 2011 (конс. 19 мај 2011).
  5. „MW3 Wii Release Date in America“. http://www.gamestop.com/wii/games/call-of-duty-modern-warfare-3/92563. 
  6. „MW3 Wii Release Date In Australia“. http://www.ebgames.com.au/wii-155047-Call-of-Duty-Modern-Warfare-3-Nintendo-Wii?utm_source=website&utm_medium=large_hero&utm_campaign=ModernWarfare3. 
  7. Macdonald, Keza (11 ноември 2011). „Modern Warfare 3 Has Biggest Launch Of Anything Ever“. http://xbox360.ign.com/articles/121/1212246p1.html. конс. 2011-14-11. 
  8. Magrino, Tom (11 ноември 2011). „Call of Duty: Modern Warfare 3 sets new launch records“. http://www.gamespot.com/news/call-of-duty-modern-warfare-3-sets-new-launch-records-6345162. конс. 2011-14-11. 
  9. „Modern Warfare 3 to have dedicated servers on pc“. http://www.joystiq.com/2011/08/17/modern-warfare-3-to-have-dedicated-servers-on-pc/. конс. 17 август 2011. 
  10. Crecente, Brian. „Hands On With Modern Warfare 3's Version of Horde Mode“. Kotaku. http://ca.kotaku.com/5809650/hands-on-with-modern-warfare-3s-version-of-horde-mode. 
  11. Schramm, Mike. „Modern Warfare 3 preview: Spec Ops Survival mode“. Joystiq. http://www.joystiq.com/2011/06/08/modern-warfare-3-preview-spec-ops-survival-mode/. 
  12. Amrich, Dan (4 ноември 2011). „Some MW3 Info From The Gamespot Livestream“. http://oneofswords.com/2011/11/some-mw3-info-from-the-gamespot-livestream. конс. 4 ноември 2011. 
  13. Parkin, Simon (2 септември 2011). „Modern Warfare 3 Multiplayer Detailed“. „EuroGamer“. http://www.eurogamer.net/articles/2011-09-02-modern-warfare-3-multiplayer-detailed. конс. 2 септември 2011. 
  14. No Dive To Prone in Modern Warfare 3“, 2011-08-13, http://www.xboxdailynews.com/2011/08/13/no-dive-to-prone-in-modern-warfare-3-new-multiplayer-modes-added, конс. 13 август 2011 
  15. „MW3 Q&A With Robert Bowling On Reddit“. 11 јуни 2011. http://callofduty-8-modernwarfare-3.com/the-latest-modern-warfare-3-news-from-official-mw3-qa-on-reddit. конс. 16 август 2011. 
  16. Bennett, Matthew (12 септември 2011). „Split-Screen Local and Online Multiplayer Confirmed In Modern Warfare 3“. „EGM“. http://www.egmnow.com/articles/news/split-screen-local-and-online-multiplayer-confirmed-in-modern-warfare-3. конс. 12 септември 2011. 

Надворешни сајтови[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: