Изработувач на видеоигри

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Изработувач на видеоигри е изработувач на софтвер (здружение или поединец) што се бави со правење видеоигри. Изработувачите на видеоигри може да се специјализирани за некоја играчка конзола, како Sony PlayStation 3, PSP, Microsoft Xbox 360, Nintendo Wii или Nintendo DS, или може да изработуваат игри за разни системи, меѓу кои и лични сметачи.

Некои изработувачи може да се специјализираат и за посебен вид на игри, како видеоигри со играње во улоги или пукачи од прво лице. Некои се занимаваат со правење верзии за други подлоги за веќе изработени игри, некои со преведување од еден јазик во друг, а некои дури прават и други видови на софтвер, покрај игри.

Повеќето издавачи на видеоигри имаат свои партнери-изработувачи, како EA Canada на Electronic Arts, Radical Entertainment, Nintendo EAD и Sony Polyphony Digital на Activision, итн. Сепак, бидејќи издавањето е нивна главна дејност, тие компании се сметаат за „издавачи“, а не за „изработувачи“.

Изработката на видеоигри обично се врши во многу опуштени околности каде што вработените носат маици и сандали. Многумина го сметаат тоа за пријатно, професионално и лично. Сепак, оваа дејност бара прилично долго работно време, што понекогаш оди во крајности.[1]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]