Call of Duty

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Call of Duty
CallofDutyLogo.svg
Официјалното лого на франшизата
Изработувач(и) Infinity Ward
Treyarch
Sledgehammer Games
Amaze Entertainment
Rebellion Developments
n-Space
Издавач(и) Activision
Aspyr Media
Подлоги Microsoft Windows/Mac OS X, Nintendo DS, Nintendo GameCube, PlayStation 2, PlayStation 3, PlayStation Portable, Wii, Xbox, Xbox 360, iPhone OS
Прво издание Call of Duty
29 октомври, 2003
Официјално
веб-место
http://www.callofduty.com/

Call of Duty е франшиза и серијал на видеоигри од типот пукачка игра од прво и трето лице. Серијалот почна со игри за компјутер, а потоа се рашири на конзоли, преносни играчки уреди и неколку други игри произлезени од серијалот. Повеќето од игрите во серијалот имаат приказна поврзана со Втората светска војна, со исклучок на Call of Duty 4: Modern Warfare,Call of Duty: Modern Warfare 2 и Call of Duty: Modern Warfare 3 чии приказни се поставени во денешни времиња, додека Call of Duty: Black Ops 2 е поставена во блиска иднина.

Видеоигрите Call of Duty ги поседува и издава Activision, а Aspyr Media ги издава верзиите за Machintosh. Ги изработуваат главно Infinity Ward и Treyarch, а другите игри ги изработуваат Gray Matter Interactive, Spark Unlimited, Pi Studios, Amaze Entertainment, Rebellion Developments и n-Space, користејќи разни играчки погони, меѓу кои id Tech 3, Treyarch NGL и IW 4.0. Меѓу другите производи од франшизата се играчки изработени од Plan-B Toys, игра со карти составена од Upper Deck и мини-стрип издаден од WildStorm.

До 27 ноември, 2009, вкупната продажба од серијалот Call Of Duty преминала 55 милиони продадени производи ширум светот, со заработка од околу 3 милијарди долари.[1]. Во третата четвртина на 2010 Activison потврдил дека осмата игра од серијалот е во изработка од Sledgehammer Games и биде пуштена во продажба во втората половина на 2011 година.


Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: