Групна видеоигра

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Групна видеоигра, повеќеиграчка видеоигра или мултиплеер видеоигра (англиски: multiplayer video game) е видеоигра која може да се игра од повеќе од еден играч во исто време. За разлика од повеќето други игри, видеоигрите често се самостојни и го ставаат играчот против програмирани предизвици или противници со вештачка интелигенција, што може да биде нефлексибилно, недоволно предизвикувачки или неинтересно.

Групните видеоигри им дозволуваат на играчите да уживаат односи со други личности, во вид на здружена игра, натпревар или борба, и им дава еден вид на општествена активност што речиси секогаш недостасува во самостојните игри. Играчите можат да се натпреваруваат еден против друг, да работат здружено за заедничка цел и слично. Меѓу попознатите типови на групна игра се детмеч и тимски детмеч, ММОРПГ, фати го знамето, здружен и сл.