Здружен начин на игра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Doom го популаризираше здружениот начин на ЛС.

Здружен начин на игра, здружено играње или кооперативна игра (англиски: Cooperative gameplay или co-op) е еден од можните начини на играње на видеоигри којшто им овозможува на играчите да работат заедно (здружено) кон целта, без присуство на човечки противници. Здружениот начин е основан врз самостојниот начин на игра, со можноста на повеќе играчи. Понекогаш и приказната е изменета и нивото на тешкост е зголемено, во зависност од бројот на играчи. Играчите им помагаат на своите соиграчи на разни начини: давајќи оружја или предмети, лечејќи ги, покривајќи ги во борба, па дури и со маневри како буткање преку препреки и слично.

Здружениоот начин на игра станува сè попопуларен во последните неколку години во споредба со натпреварувачкиот групен начин.[1]. Со развојот на управувачите и мрежните технологии, сè повеќе игри поддржуваат повеќе од двајца играчи на конзоли и ЛС, со што се зголемува популарноста на здружените игри, особено на пукачите од прво лице и спортските игри.

Наводи[уреди]