Самостојна видеоигра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Самостојна видеоигра или синглплеер видеоигра (англиски: single-player video game) е тип на видеоигра каде што само еден играч може да игра. „Самостојна игра“ е игра којашто може да се игра од само една личност, додека „самостоен режим на игра“ е еден од можните начини на играње[1] Најраните компјутерски игри, како Tennis for Two, Spacewar! и Pong, биле двоиграчки, а самостојните игри станале популарни малку подоцна. Во 1978 биле направени првите повеќеиграчки (групни) игри, познати како MUD-ови. Во раните 1990-ти се направени многу игри кои користат локални мрежи за групниот начин на игра. Doom е еден од значајните примери за такви игри.

Главните работи кои ги прават самостојните игри интересни се добри приказни, прекрасна графика и реалистични неиграчки ликови и противници. Меѓу позначајните примери се Half-Life, Doom и серијалот The Legend of Zelda. За помалите игри за важни лесноста на учење и достапноста (многу од нив се достапни за играње на разни мрежни места).

Некои игри се дизајнирани за да бидат играни самостојно. Такви игри се умствени игри, како Tetris, и игри на улоги со добри приказни.

Огромното мнозинство на модерните игри за конзоли и аркадни игри се дизајнирани за да бидат играни самостојно. Некои од нив имаат можност за други начини за играње, со двајца или повеќе играчи (не мора во исто време).

Наводи[уреди]