Wii

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Wii
Логото на Wii
Wii со далечинско
Wii со далечинско
Изработувач Nintendo
Производител Foxconn
Вид Играчка конзола
Генерација Седма генерација
Излегол СА 19 ноември 2006
ЈАП 2 декември 2006
АВС 7 декември 2006
ЕВР 8 декември 2006
Продажна достапност 19 ноември 2006
Испорачани Ширум светот: 86,01 милиони (30 март 2010)
Медиуми оптички диск Wii (12 см)
Nintendo GameCube Game Disc (8 см)
ЦПЕ IBM на основа на PowerPC[1]Broadway
Складирање внатрешна флеш 512 МБ
SD-картичка, SDHC-картичка
картичка за Nintendo GameCube
Графика ATIHollywood
Управувачи Wii Remote (Plus), Wii Balance Board, Nintendo GameCube, Nintendo DS[2]
Поврзување Wi-Fi
Bluetooth
2 × USB 2.0[3]
LAN-адаптер (преку USB)
Семрежни услуги Nintendo Wi-Fi Connection, WiiConnect24, Wii Shop Channel
Најпродавана игра Wii Sports (вградена, освен во Јапонија и Јужна Кореја) 67,71 милиони (30 септември 2010)[4]
Wii Play, 26,71 милиони (31 декември 2009)[5]
Обратна
соодветност
Nintendo GameCube
Претходник Nintendo GameCube
Наследник Project Café

Wii (најчесто нарекувана по начинот на којшто се изговара на англиски јазик ВИ) е петтата конзола за видеоигри на Nintendo. Конзолата е потомец на нејзиниот предок Nintendo GameCube. Nintendo тврди дека конзолата е поинаква од конзолите PlayStation 3 на Sony и Xbox 360 на Microsoft иако им конкурира и на двете во натпреварот помеѓу конзолите од седмата генерација.[6] Конзолата беше развивана во соработка со IBM и ATI.

Неизбежна предност на оваа конзола што ја разликува од нејзините предци е нејзиниот нов безжичен контролер Wii Remote, што може да се користи како рачен покажувач и може да детектира брзина и ориентација во три димензии. Друга голема новина е нејзината WiiConnect24 Интернет платформа, што овозможува примање пораки и софтверски надоградувања додека конзолата е во standby mode.[7]

Nintendo прв пат ја информираше јавноста за оваа нова конзола на Electronic Entertainment Expo (Е3) прес конференцијата во 2004 година, а за прв пат и ја претстави конзолата на јавноста во 2005 година исто така на Е3. Сатору Ивата, претседателот на Nintendo и го претстави на јавноста безжичниот контролер во септември 2005 година на Токискиот саем на игри.[8] На Е3 2006 конзолата ја освои првата од неколку награди. До декември 2006 Wii беше лансиран во продажба на четири клучни пазари во светски рамки.[9]

Financial Times објави дека од 12 септември 2006, Wii е лидер во генерацијата конзоли на Nintendo според јапонскиот магазин Enterbrain, глобалната пазарна истражувачка компанија од Вашингтон NPD Group и најголемиот пазарен истражувачки институт од Германија GfK.[10]

Извори[уреди]