Семрежна игра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Семрежна игра (наречена и „онлајн игра“, од англиски: online game) — игра која се игра преку сметачка мрежа, најчесто преку семрежјето. Проширувањето на популарноста на овие игри е еден од главните фактори за популарноста на семрежјето насекаде низ светот и сè поголемата достапност. Многу семрежни игри се популарни заради комуникативноста, што ги прави многу поинтересни и позабавни од самостојните игри. Некои игри имаат и свои семрежни заедници.

Дефиниција[уреди]

Семрежното играње е повеќе технологија, отколку жанр. Повеќе е механизам кој ги поврзува играчите, отколку начин на игра.“[1] Семрежните игри се играат преку некој вид на мрежа, денес најчесто семрежјето. Една предност на ваквите игри е можноста на поврзување на групни игри, иако и самостојните игри се прилично популарни.

Рани семрежни игри[уреди]

Семрежните игри датираат од 1980 г. кога се појавиле првите игри наречени MUD, едноставни игри базирани на текст, често играни на ББС со користење на модем. Овие игри се базирани на фантазија, правила слични како на играта Dungeons & Dragons. Поинакви стилови на игри како шах, слагалици и други онтернет игри станаа достапни. Но бидејќи целовремената конекција беше скапа поради тоа што се тарифираше по секунда, некои игри почнаа да се играат преку е-пошта.

Игри во прво лице[уреди]

Во 1990-те, семрежните игри се преместија од LAN протокол (како што е IPX) исто така и на семрежниот протокол TCP/IP. Дум го популизираше типот на игра детмеч, каде што повеќе играчи се борат, секој против секого, како нов облик на семрежна игра. Откако се појави Дум повеќето игри во прво лице содржат компоненти кои дозволуваат игање на семрежјето.

Стратегии во реално време[уреди]

Раните игри од овој тип дозволуваа играње преку модем или преку локална мрежа. Откако семрежјето почна да расте во 1990-те, беше направен софтвер за овие игри да бидат достапни за играње преку семрежјето. Во подоцните 1990-ти повеќето од овие игри имаа поддршка за семрежје, дозволувајќи има на играчите отсекаде на светот да играат меѓу себе. Беа креирани сервиси кои им овозможуваа на играчите да играат против играч кој е автоматски избран.

Игри во прелистувачи[уреди]

Откако семрежјето се разви и прелистувачите станаа поусовршени, луѓето почнаа да прават игри кои бараа само прелистувач. Едноставни игри за еден играч беа направени кои можеа да се играат користејќи HTML и HTML scripting технологии (најчесто JavaScript, ASP, PHP и MySQL). Покомплицираните игри се поврзуваат со опслужувачи за да овозможат играње со други луѓе.

Развивањето на графичките технологии како Флеш и Јава дозволија семрежните игри да станат покомпликувани. Овие игри (исто познати под името Флеш игри или Јава игри), станаа навистина популарни. Многу игри во 1980-те, како ПакМан и Фрогер, беа рекреирани за да можат да се играат како Флеш анимација на мрежно место. Повеќето игри беа строго за играње со повеќе луѓе, но најчесто игри со едно лице и листа на поени од сите играчи достапна на семрежјето.

Игрите со домашни миленичња како „Неопетс“, се исто така многу популарни како помлада генерација на игри со прелистувачи.

Поновите игри од овој тип користат технологии како AJAX за да ја направат играта популарна и интересна. Пример за вакви игри се OGame (Вселенска симулација), BiteFight (Вампири против врколаци), Ikariam (Стари цивилизации).

Најновиот тренд за игри во пребарувач се прошири и во доменот на пукачките игри во прво лице еднина (first person shooters). Еден од пионерите на ова поле се Id Software, креаторите на многу популарни акциони наслови како Doom, Quake и Волфенштајн (Wolfenstien). Нивниот последен проект е конверзија на оригиналната верзија на Quake 3 издадена во 1998 година, во мод за пребарувач.

Играта инкорпорира елементи од оригиналот како различните модови за игра: детмеч, фати го знамето, но додава и неколку нови како тим арена (Team Arena).

Секој играч мора да создава свој сопствен профил на кој може да ги провери своите награди и податоци за успешноста во неговите он лајн натпреварувања. Обработката и средувањето на огромната дата база на податоци се врши со помош на интегрираниот metagame погон.

За успешноста и популарноста на ваквиот нов начин на играње, говори и фактот дека 110.000 профили биле направени во првите шест часа од официјалното излегување на Quake Live.

Масовни игри за повеќе семрежни играчи[уреди]

Овие игри беа направени со растењето на широкопојасната врска во многу развиени земји, користејќи семрежна врска за да им овозможат на илјадници играчи да ја играат истата игра заедно. Многу различни стилови од овие игри се достапни како:

  • MMORPG (Massively multiplayer online role-playing game)
  • MMORTS (Massively multiplayer online real-time strategy)
  • MMOFPS (Massively multiplayer online first-person shooter)

Масовни семрежни игри преку прелистувач[уреди]

Напредните технологии дозволуваат креирање на игри од овој тип преку прелистувач, слични но понапредни од другите игри кои користат прелистувачи.

Поради лимит на технологијата, овие игри неможат да имаат ист графички и звучен квалитет како другите масовни семрежни игри. Затоа пак овие игри се поефтини од целосните масовни семрежни игри.

Профитабилна индустрија[уреди]

Растењето на популарноста на Јава и Флеш водеше до семрежната револуција каде мрежно место|мрежните места можат да содржат видео, звук и други напредни функции. Кога Microsoft почна да го пакува Флеш како задолжителна компонента од нивниот прелистувач, семрежјето се промени и освен класичен податоци/инормации спектар на семрежјето се појавија страници со забавна содржина. Револуцијата им овозможи на мрежните страници да нудат семрежни игри на корисниците. Додека многу игри наплаќаат месечна претплата, како „Светот на Варкрафт (World of Warcraft)“, многу други страници се потпираат на нивните спонзори. По пропаѓањето на дот-ком во раните години на 21-от век, барањето на спонзори за мрежните места е навистина тешко.

Опаѓањето на слободните семрежни игри, ги наведе компаниите да ставаат банери за реклами на други мрежни страници.

Флеш игри[уреди]

Се повеќе и повеќе расте популарноста на оние мали игри кои се изработени со помош на технологијата на Adobe Flash наречена ACTIONSCRIPT.

Особено популарни кај повозрасните семрежни корисници бидејќи не бараат воспоставка и посебна машинска опрема.

Наводи[уреди]

  1. Ролингс, Ендру; Ернест Адамс (2006). „Fundamentals of Game Design“. Prentice Hall. http://wps.prenhall.com/bp_gamedev_1/54/14053/3597646.cw/index.html.