Call of Duty: World at War

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Call of Duty: World at War
Call of Duty World at War cover.png
Северноамерикански омот
Изработувач(и) Treyarch
Certain Affinity (некои мапи за групно играње и дополнителна работа)
Издавач(и) Activision
Дизајнер Маргарет Танг
Серијал Call of Duty
Погон IW погон[1]
Последна верзија 1.7 (PS3, X360, Win)[2]
Подлоги Microsoft Windows, PlayStation 3, Wii, Mobile, Xbox 360[3][4][5]
Датум на издавање СА 11 ноември, 2008[6]
ЕВР 14 ноември, 2008[7]
АВС 12 ноември, 2008[8]
Жанр(ови) Пукач од прво лице
Режим(и) Самостоен, групен, здружен
Медиум Блу-реј диск, ДВД, Нинтендо диск, Преземање од интернет
Побарувања Види Конфигурација
Начин на
контролирање
Гејмпед, тастатура и глушец, Wii далечинско

Call of Duty: World at War (исто така нарекувана Call of Duty 5 или World at War, и скратено CoD: WaW или WaW) е пукачка видеоигра од прво лице изработена од Treyarch, издадена од Activision за компјутер, PlayStation 3, Wii и Xbox 360. Ова е петтата игра од серијалот Call of Duty и ја враќа приказната на Втората светска војна, откако претходната игра, Call of Duty 4: Modern Warfare, имаше модерна приказна. Играта е издадена на 11 ноември, 2008 во Северна Америка, а во Европа на 14 ноември, 2008. Основана е на подобрена верзија на погонот од Call of Duty 4 изработен од Infinity Ward, со подобрени звучни и визуелни ефекти.

Гејмплеј[уреди]

Преглед[уреди]

Гејмплејот на World at War содржи неколку карактеристики од претходните игри од серијалот. Играчот се бори заедно со компјутерски контролирани сотимци. Во текот на мисиите тие можат да го штитат играчот, да убиваат непријатели и да ги чистат собите за влез. Враќањето во Втората светска војна, ре-прикажува оружја и технологии кои се видени во претходните изданија на Call of Duty, вклучувајќи ги автоматот Thompson, пушките M1 Garand и Mosin-Nagant, како и против-тенковскиот ракетен фрлач Панзершрек. Играчот може да ги користи овие оружја во текот на играта, но со себе најмногу може да носи две оружја, заедно со четири гранати. Играчот може да ги земе оружјата и муницијата од мртвите непријатели или сотимци, и да ги замени со други оружја од својот арсенал. Исто така, има и додатоци за оружјата, како фрлач на гранати, телескопски нишан и бајонет.[9]

Играчот може да ги заземе овие три позиции: стоечка, клечечка и лежечка; секоја од нив, различно влијае на брзината на движење, прецизноста и прикриеноста. Кога играчот е погоден, аглите на екранот зрачат црвено и срцевиот притисок се зголемува. Здравјето се регенерира со текот на времето. Кога играчот е во смртоносниот радиус на гранатата, на екранот се покажува нејзината дирекција, помагајќи на играчот да одлучи дали ќе избега или пак, ќе ја врати назад кон непријателот.[9]

Конфигурација[уреди]

  • Оперативен систем-XP и Vista
  • Процесор-Intel Pentium 4 3GHz или AMD 64 3200+
  • РАМ-512 Мб(1 Гб за Vista)
  • Хард диск-8 Гб слободна меморија
  • Графичка картичка-256 Mb Nvidia GeForce 6600 GT или ATI Radeon X1600
  • Звучна картичка-DirectX 9.0c компитабилна картичка

Наводи[уреди]

  1. Робинсон, Енди (9 јуни 2008). „News: Call of Duty: World at War - first details in OXM“. Computer and Video Games. http://www.computerandvideogames.com/article.php?id=190547. конс. 9 јуни 2008. 
  2. „Call of Duty: World at War PC Updates“. „CallOfDuty.com“. http://www.callofduty.com/supplies/pc-updates. конс. 30 јануари 2010. 
  3. Торсен, Тор (4 септември, 2008). „World at War raging 11 ноември, beta incoming“. GameSpot. http://www.gamespot.com/pc/action/callofduty5/news.html?sid=6197246&om_act=convert&om_clk=newsfeatures&tag=newsfeatures;title;3. конс. 29 септември 2008. 
  4. „CoD5 has co-op, vehicles in multiplayer, CoD4 engine, every format apart from PSP“. VideoGaming247. 9 јуни 2008. http://www.videogaming247.com/2008/06/09/cod5-has-co-op-vehicles-in-multiplayer-every-format-apart-from-psp/. конс. 29 септември 2008. 
  5. „Windows Mobile Games Experience“. Microsoft. http://www.microsoft.com/windowsmobile/en-us/meet/games.mspx?13=&14=&11.9=1?WT.mc_id=H_TAGames_Feb. конс. 7 февруари 2009. 
  6. Окампо, Џејсон (19 август, 2008). „GC 2008: Call of Duty: World at War Co-op Hands-on“. IGN. http://xbox360.ign.com/articles/900/900160p1.html. конс. 29 септември 2008. 
  7. Пирсон, Ден (5 септември, 2008). „Call of Duty 5 gets Euro date, beta“. EuroGamer. http://www.eurogamer.net/article.php?article_id=230559. конс. 29 септември 2008. 
  8. Пердикис, Стив (29 октомври, 2008). „Call of Duty: World at War - beta client, reporting for duty“. Games On Net (Internode). http://games.on.net/article/4374/Call_of_Duty_World_at_War_-_beta_client_reporting_for_duty. конс. 29 октомври 2008. 
  9. 9,0 9,1 Denick, Thom (2008-11-16). „Call of Duty: World at War Signature Series Guide“. Brady Games. ISBN 074401056. 

Надворешни врски[уреди]