Arctodus simus

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Arctodus simus
Фосилен опсег: Среден и доцен плеистоцен
реконструкција на 1.6 метри високата Arctodus simus до 1.8 метри висок човек
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Тип: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Фамилија: Ursidae
Потфамилија: Tremarctinae
Род: Arctodus
Биномен назив
Arctodus simus
Cope, 1897
Распространетост на Arctodus simus


Arctodus simus е изумрен вид на мечка. Овој вид ја претставува најголемата мечка која некогаш живеела на земјата. Била распрoстранета во Северна Америка пред помеѓу 1,6 милиони и 10 000 години. Како многуте видови од поранешната мегафауна, и овие мечки изумреле на крајот на периодот плеистоцен.

Содржина

[уреди] Класификација и еволуција

A. simus припаѓа во подфамилијата Tremarctine, која е карактеристична за Новиот свет. Претходен член на оваа подфамилија бил Plionarctos кој живеел во Тексас за време на плеиоценот. Овој ред се смета за претходник на Arctodus и на денешната Очилна мечка (Tremarctos ornatus).

Има 2 признати под-видови[1]:

[уреди] Карактеристики

Висината на оваа мечка достигнувала и до 2 метри до рамениците кога стои на 4 нозе. Исправена на задните достигнувала висина и над 3,4 метри. Се проценува дека тежела помеѓу 860 и 940 кг, што е за околу 42% поголема од денешното Гризли [2]. Најголемите примероци се пронајдени на Аљаска и на територијата Јукон [3]. Мажјаците биле за 20% поголеми од женките [1]. Оваа мечка била најголемиот предатор во Северна Америка за време на леденото доба [1]. Черепот е необичен бидејќи нема убаво дефинирано чело и поседува кратка муцка, така што повеќе личи на редот Panthera отколку на денешните мечки. Мускулите кои ја движат долната вилица биле екстремно развиени.

Arctodus simus имал кратка муцка, и осет за мирис 2 пати поголем од денешните мечки, што им овозможувал да намирисаат мрша на многу големо растојание. Според градбата на вилицата, се претпоставува дека овие мечки можеле да ги јадат и коските[4][5].


Според анализи на коските откриено е дека страдале од болести на коските како и инфекции слични на туберкулоза и сифилис [1].

[уреди] Распространетост

A. simus е мечка од Северна Америка и живеела од Аљаска и Канада па се до централно Мексико, и од Калифорнија до Вирџинија. Била најбројна од првите северно-американски мечки, а најмногу ги имало во областа Калифорнија[3].

[уреди] Исхрана

Анализите врз коските на овие мечки, покажале високи концентрации на азот-15. Азот-15 е стабилен изотоп кој се акумулира кај месојадите кои не конзумираат растенија. Всушност се докажува дека A. simus биле стриктен карнивор. Се проценува дека на возрасна индивидуа дневно и биле потребни околу 16 kg месо за да преживее[4][5].

Според една теорија, Arctodus simus е брутален предатор кој ги совладува големите цицачи од плеистоценот благодарение на неговата физичка сила. Оваа идеа се смета за проблематична, бидејќи иако е голема, оваа мечка има прилично нежна градба. За да лови животни од тогашната мегафауна, би требало да има многу покомпактна структура на скелетот.

Според други експерти оваа долгонога мечка ловела помали тревопасни животни како степските коњи и саига антилопите на начин сличен како што тоа денес го прави читата. Сепак, се смета дека тежината на мечката би била хендикеп за ваквиот начин на лов, како и зглобовите на скелетот кои укажуваат на градба која не е адаптирана на нагли свртувања[5] кои се карактеристични за предаторите кои го бркаат пленот.

Доктор Пол Метјуз (палеонтолог на University of Alaska Fairbanks) открива дека овие мечки имале движење слично на камила или коњ, и градба која давала повеќе предност на издржливоста отколку на брзината[5]. Се смета дека Arctodus simus немала доволно добра градба да биде активен предатор, па затоа ја употребувала својата големина да ги избрка помалите предатори како Canis dirus, Smilodon и Американскиот лав, и да им го превземе пленот.

[уреди] Истребување

Овие џиновски мечки исчезнале пред околу 12 000 години. Како дел од причините се претпоставува дека е изумирањето на нивен плен но и конкуренцијата од страна на помалите омниворни кафеави мечки кои се доселиле во Северна Америка од Евроазија. Нивното исчезнување се поклопува и со појавата на подобрените техники за лов на палеоиндијанците што можеби учествувало во нивното истребување, како на директен начин (лов на мечките) така и на индиректен начин (преголемото ловење на животни кои биле главен плен на овие мечки).

[уреди] Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „North American Short-Faced Bear“. „Harrington, C.R“. Yukon Beringia Interpretive Centre. http://www.beringia.com/02/02maina4.html. проверено на 2008-01-14. 
  2. Macdonald, David (1992). „The Velvet Claw“. стр. 256. 0563208449. 
  3. 3,0 3,1 Brown, Gary (1996). „Great Bear Almanac“. стр. pp.340. ISBN 1-55821-474-7. 
  4. 4,0 4,1 National Geographic Channel, 16 септември 2007, Prehistoric Predators: Short-faced bear, interview with Dr. Paul Matheus
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „"The Biggest Bear ... Ever"“. „Nancy Sisinyak“. Alaska Fish and Wildlife News. http://www.wc.adfg.state.ak.us/index.cfm?adfg=wildlife_news.view_article&articles_id=232&issue_id=41. проверено на 2008-01-12. 

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици