Прејди на содржината

Макфарланова мечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ursus inopinatus)
МакФарланова мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus inopinatus (оспоруван)
Научен назив
Ursus inopinatus
(Merriam, 1918)

Ursus inopinatus позната и како Макфарланова мечка е предложен изумрен вид на мечка кој бил најден во канадските Северни територии. Во 1894 природонаучникот Роберт МакФарлан од Инуит добил „огромна“ кожа од мечка со жолтеникаво крзно, како и нејзиниот череп. Макфарлан ги оставил овие останки во институтот Смитсониан каде биле складирани и набрзо заборавени. Подоцна, доктор Клинтон Харт Мериам проучувајќи ги овие останки именувал нов вид на мечка Ursus inopinatus. Во 1918 тој ја опишал единката како дел од нов вид, нарекувајќи ја „патријархална мечка“[1].

Овој вид на мечка не бил забележан откако Макфарлан ги добил останките во 1864 година. ПОстојат многу теории за потеклото на оваа мечка, како на тоа дека всушност е хибрид помеѓу гризли и бела мечка, или преживеан претставник на вид од плеистоценот.

Денес е познато дека хибридите гризли-бела мечка можат да се сретнат во природата, и доста се слични со описот на макфарлановата мечка. Имаат слична боја на крзното и чудно обликуван череп (кој му служел на Мериам како доказ за идентификување нов вид). Долго време ова е само теорија. Сепак со денешните ДНК анализи и морфолошки анализи, можно е во брзо време да се реши случајот со оваа мечка. Доколу се докаже дека се работи за хибрид, тогаш имeто Ursus inopinatus ќе стане невалидно.

За потребите на епизода од „Monster Quest“, на палеонтологот доктор Блејн Шуберт му било дозволено да ги проучи останките. Шуберт изјавил дека е „100% сигурен“ дека черепот е од млада женка на кафеава мечка која „всушност не била ни толку голема“.

Во 1984, Е. Рејмонд Хал, дал мислење дека U. inopinatus и U. arctos horribilis (Гризлито) се всушност еден ист вид[2].

  1. Mystery Bears. Архивирано на 17 септември 2008 г. Reprinted with permission from Rumors of Existence, Matthew A. Bille at Strange Ark. Посетено на February 5 2008
  2. [1]