Христофор Жефаровиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Христофор Жефаровиќ
Роден XVII век
Дојран, Османлиска Империја
(денес Република Македонија)
Починал 18 септември 1753
Москва, Русија


Христофор Жефаровиќ бил уметник и сликар со потекло од Македонија.

Биографиjа[уреди]

Зборови на Павле Ненадовиќ, посветени на Христофор Жефаровиќ во "Стематографија"

Христофор Жефаровиќ е роден вероjатно во краjот на 17 век во Дојран, дел од Отоманската империја. За прв пат неговото име се спомнува во Белград во 1734 година, каде бил веќе бил прочуен како "зограф" (сликар). Бил истовремено трговец на книги и богослужбени предмети и уметник. Негови дела се манастирите во Боџани и Шиклош во Војводина, како и една црква во Кожани. По 1740 претежно работил по креирањето на книги во соработка со српскиот патријарх Арсеније IV. Како монах и свештеник ја превел и насликал прочуената "Стематографија" (грбовник) од оригиналот на хрватскиот илирски хералдичар Павле Ритер Витезовиќ (1652-1713), издадена во Виена во 1741 година. "Стематографија" содржа галериjа со ликови на балкански цареви и светии, грбовник на земите од Источна Европа и белешки кон грбовникот. Кон секој грб има и по една стихотворба, која ги опишува нивните историjа и симболи, исто така превод од делото на Витезовиќ.

Жефаровиќ, коj бил припадник на идеологиjата на jужнословенскиот Илиризам, бил нарекуван „ревнитель отечества болгарскаго“, но исто така и "любителъ царства иллирическаго", а самиот зборувал и за „отечество сербско наше“ и се потпишувал како „иллирïко рассïанскïи общïй зографъ“. Во своето завештание го опишал своjот род како „булгарской нации... въ православной архiепископiи Салонской въ городѣ Догрiанѣ братъ родной свящтеникъ и протчiя сродники“. Умрел во Москва на 18 септември 1753.

"Стематографија" имала многу значаjна улога во создавањето на симболите на модерните балкански нации и посебно на грбот на Бугариjа, коj е директен наследник на бугарскиот грб на Жефаровиќ.[1]

Извори[уреди]

  1. Иван Войников, "История на българските държавни символи", дял IV Гербовете на Третата българска държава, глава 1 Държавни гербове (Иван Воjников, "Историjа на бугарските државни симболи", дел IV Грбовите на Третата бугарска држава, глава 1 Државни грбови). (бугарски)

Галериjа[уреди]

Надворешни врски[уреди]

  • "Стематографиjа", 1741, фототипно преиздавање, Динко Давидов, Белград, 1972.
  • "Стематографиjа", онлајн верзија на Стематографиjата од страницата на Бугарското Хералдичко и Вексилолошко Друштво