Св. Методиј Солунски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
{{{name}}}
Слава {{{feast_day}}}

Св. Методиј Солунски (825 - Моравија, 19 април 885), постар брат на Константин Филозоф - Кирил, двајцата сесловенски учители и просветители.

Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на старословенски јазик најпотребните богослужбени книги и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители, Кирил и Методиј станаа најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура.

Со само 20 години Методиј, син на богатото семејство на Лав и Марија, многу млад се стекнал со слава во визнатиската армија и веќе бил познат и на императорскиот двор во Цариград. Бил споредуван со Самсон (според силата) и Исус Навгин (со решителноста) која ја имал на бојното поле и бил награден од Императорот со војводски чин и го именувал за кнез во брегалничката област во 845 година.

Брегалничката мисија на Методиј била да воспостави ред и да го наметне духовното и кулутурното влијание на Византија кај СловенитеСтрумјани, од источните краеви на Македонија.

Најмалиот брат на Методиј бил Константин. Константин се втурнал во водите на филозофијата, лингвистиката и мисионерството.

Активноста на Методиј била насочена пред се кон воспоставување и зацрвстување на врските со Струмјаните, но не со силата на мечот туку преку придобивањето на ова моќно словенско племе. Долгогодишната работа на Методиј во овие краишта резултирала со идавањето на т.н “Закон судњиј људим„ воен законик напишан на словенски јазик со грчки букви. Законикот претставува првиот словенски пишан споменик во историјата.[се бара извор]

Основниот проблем било неразбирањето на грчките букви од страна на Словените и неможноста старословенскиот јазик да се преточи со грчката азбука.

Постариот брат Методиј (825-885), според византиските обичаи, требало да го следи животниот пат на својот татко. За тоа бил даден да се школува во училишта во кои слушателите главно се здобивале со воени знаења и се подготвувале за стекнување високи световни кариери. Методиј бил физички добро граден а покрај тоа и доста мудар. Тоа му овозможило уште на млади години да ги совлада воените вештини. По завршувањето школувањето исполнувал воени должности во рамките на солунската област. Како храбар воин уште млад стекнал голема воена слава. На дваесет годишна возраст бил удостоен од византискиот император со војводски чин и како таков во 845 година бил испратен да управува со „Словенското кнежество“ чиешто средиште го сочинувале струмичко-брегалничките краишта.[се бара извор]

Методиј го управувал словенското кнежество 10 години, од 845 до 855 година. Во Методијевото кнежество живееле Струмјаните, кои биле доста немирни. Со испраќањето на Методиј за нивен управител Византија сметала дека тие ќе бидат смирени и претворени во мирни поданици.[се бара извор]

Видете исто така [уреди]