Француски воени гробишта (Битола)
Гробовите и споменикот во заден план | |
Податоци | |
---|---|
Основани | 1923 |
Место | Битола |
Земја | Македонија |
Координати | 41°2′25.47″N 21°21′33.47″E / 41.0404083° СГШ; 21.3592972° ИГД |
Големина | 12,53 хектари [1] |
Погребани | меѓу 13.262 и 16.262 |
Француски воени гробишта во Битола – воени гробишта од Првата светска војна во кои почиваат повеќе од 13.262 војници на Француската армија убиени на Македонскиот фронт. Денес секоја година, а по повод годишнината од завршувањето на Првата светска војна, претставници на амбасадаамбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија, и на Француските и на Германските воени гробишта во Битола оддаваат почит.[2]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Француските воени гробишта се наоѓаат на североисток од градот Битола, крај патот кој води за село Логоварди, на околу 3 км од центарот на градот.
Гробиштата зафаќаат површина од 30.000 квадратни метри, поделени се на 32 парцели со средишни патеки изведени во облик на крст. Во склоп на гробиштата се и две куќарки, една за чуварот, а другата за документацијата.[2]
Контекст[уреди | уреди извор]
По неуспехот во Дарданелската битка, Бугарија влегува во војна на страната на централните сили во октомври 1915 година и води победничка офанзива во Србија. За да се поддржат српските трупи, француските и британските трупи од експедициониот корпус на Дарданелите се истовараат во Солун. Сепак помошта на сојузниците доаѓа многу доцна за да се спасат српските сили кои мора да се борат и да се повлекуваат спроти германската, австроунгарската и бугарската војска. Француските и британските сили напредуваат, но мора да се повлечат по битките кај Костурино и Криволак. Сојузничките војски, поразени се засолнуваат во Солун. Од септември до декември 1916 година, преземена е сојузничка офанзива која овозможува да се напредува и да се заземе Битола. Фронтот е стабилизиран до септември 1918 година кого со Солунскиот договор им се става крај на борбите со Бугарија.
Историја[уреди | уреди извор]
Организирањето на Француските воени гробишта почнала во првите години по Првата светска војна. За таа цел во Париз била формирана централна комисија за прибирање на посмртните останки на француските војници и офицери, на чие чело бил поставен Тиво де Лавижери, учесник во војната во која бил и ранет. За нејзино балканско седиште бил одреден Солун, од каде поткомисиите се упатувале на терен да ги бараат и идентификуваат останките. Во работата биле вклучени месни жители каде се трагало. Во работата се истакнал инженерискиот поручник Дровен, кому му помагала мала група месни жители како и шефот на Католичката мисија во Битола, Р. П. Бежеро. За финансирање на зафатот француската влада издвоила 150.000 франци. Дел од пронајдените останки биле засолнувани на Александрово Брдо (Тумбе Кафе), а дел крај Новачки пат, местото каде што подоцна биле формирани гробиштата. Проектот прераснал во еден од најголемите и најсложените меморијални зафати преземени по Првата светска војна.[2]
Француските воени гробишта во Битола се отворени на 15 септември 1923 година[3][4], денот на пробивот на фронтот кај Добро Поле. На свеченоста на отворањето бил присутен многу народ од Битола и од околните села, а покрај висока делегација од Белград присуствувал и командантот на сојузничките сили, маршалот Франше д’Епере, кој специјално дошол за оваа прилика.[2]
Гробови[уреди | уреди извор]
Во гробиштата се наоѓаат 6.262 поединечни гробови како и две гробници во кои се погребани меѓу 7.000 и 10.000[5] француски војници.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Assets Document SINC [Site of Interest for Nature Conservation] spreadsheet“ (PDF). Hackney Council. Hackney Council. n.d. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-09-27.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Стерјовски, Александар (2020). Градби Битола. Битола: Конзулат на Република Србија во Република Македонија. стр. 81–84. ISBN 978-608-65122-8-6.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Création d'un espace muséal au cimetière militaire français de Bitola“. Архивирано од изворникот на 2017-03-20. Посетено на 2017-07-17.
- ↑ Comment j'ai rencontré mon grand-oncle, un zouave, mort sur le front d’Orient
- ↑ Lieux de mémoire : comment ne pas les oublier