Филип Сидни

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сер Филип Сидни (30 ноември 155417 октомври 1586) — една од најистакнатите личности од елизабетанската ера. Познат во негово време, во Англија, како поет, дворјанин и војник, денес се памети како автор на „Астрофел и Стела“ (напишана 1580, објавена 1590), „Одбрана на поезијата“ (напишана 1581, објавена 1595) и „Аркадија“ (напишана 1580, објавена 1590).

Живот и семејство[уреди | уреди извор]

Роден е во Пеншурст, Кент, како најстар син на Сер Хенри Сидни и Лејди Мери Дадли. Мајка му била ќерка на Џон Дадли, прв војвода од Нортамберленд и сестра на Роберт Дадли, прв војвода од Лестер. Неговата помлада сестра, Мери Сидни, се омажила за Хенри Херберт, втор гроф од Пемброк. Мери Сидни, која по бракот станала грофицата од Пемброк, била писателка, преведувач и патрон на книжевноста. Сидни токму нејзе и го посветил своето најдолго дело, „Аркадија“. По смртта на својот брат, Мери Сидни Херберт, го преработила делото „Аркадија“, кое денес е познато како „Аркадија на грофицата од Пемброк“. Филип се школувал во школата Шревсбери и Крајст Чрч колеџот во Оксфорд. Бил доста прошетан и многу учен. Во 1572, отишол во Франција, како дел од амбасадорите, кои преговарале брак помеѓу Елизабета Прва и Војводата од Аленсон. Ги поминал следните неколку години на континентот Европа, патувајќи низ Германија, Италија, Полска и Австрија. За време на овие патувања, запознал голем број значајни интелектуалци и политичари од Европа. Во Англија се вратил во 1575 и ја запознал Пенелопа Деверо, идната Лејди Рич, која, иако била многу помлада, ќе биде инспирација за неговите сонети од 1580 година, познати под името „Аристофел и Стела“. Нејзиниот татко, грофот од Есекс, се смета дека сакал да ја омажи ќерка си за Филип Сидни, но починал во 1576 година. Во Англија, Сидни почнал да се занимава со политика и уметност. Ја бранел администрацијата на татко му, во Ирска, пишувајќи еден долг и голем документ. Уште посериозна била расправијата со Едвард де Вер, 17-иот гроф од Оксфорд, најверонајтно поради неговото спротивставување против францускиот брак, при што де Вер издвојувал победа. Поради тоа, Сидни го предизвикал де Вер на двобој, но Елизабета го забранила тоа. Затоа тој пишал долго писмо до дворот на кралицата, каде детално ги опишал глупостите на францускиот брак. Елизабета му се налутила, поради неговата дрскост и Сидни покорно се повлекол од дворот. Неговата уметничка страна била многу помирољубива и позначајна за неговата слава. Додека бил отсутен од дворот, ја напишал првата верзија на „Аркадија“ и „Одбрана на поезијата“. Нешто порано, го запознал Едмунд Спенсер, кој му го посветил „Пастирски записи“ (Shepheardes Calendar). Бил дел од поетски здруженија и имал и други контакти со пријатели и современици-поети како: Фулк Гривил, Едвард Дајер, Едмунд Спенсер и Габриел Харви, од (можеби и измислениот) „Ареопагус“, хуманистички обид за да се класицира англискиот стих. Сидни се вратил во дворот во средината на 1581. Истата таа година, Пенелопа Деверо била веќе омажена, наводно против нејзина волја, со лордот Рич. Сидни бил одликуван како витез во 1583. Претходните наместени обиди за свадба со Ен Сесил, ќерка на сер Вилијам Сесил, а подоцна и жена на де Вер, пропаднале во 1571. Во 1583, се оженил за Франсис, малолетна ќерка на сер Франсис Волсингхам. Следната година, го запознал Џордано Бруно, кој потоа му посветил две книги на Сидни. И преку своето семејно наследство и преку личното искуство (бил во куќата на Волсингхам, во Париз, за време на Денот на масакрот на св. Вартоломеј), Сидни бил воено наклонет протестант. Во 1570-тите, го убедил Џон Касимир, да проповеда обиди за обединување на протестантите против католичката црква и Шпанија. Во раните 1580-ти, имал неуспешна расправија поради напад на самата Шпанија. Во 1585, неговиот ентузијазам во битката на протестантството уште повеќе се засилил кога бил назначен за гувернер на Флашинг, Холандија. Во Холандија, постојано инсистирал на смелост на неговиот претпоставен, вујко му, грофот од Лестер. Предводел успешен напад на шпанската армија, близу Аксел, во јули 1586 година. Подоцна истата година го приклучил сер Џон Норис во Битката на Жутфен. За време на опсадата, бил застрелан во бедрото и починал по 26 дена. Според приказната, додека лежел ранет, му го дал своето шише со вода на друг ранет војник, при тоа кажувајќи му: „твојата потреба е поголема од мојата“. Ова можеби е најпознатата приказна за сер Филип Сидни, која ја покажува благородната страна на неговиот карактер. Телото на Сидни било вратено во Лондон и погребано во катедралата „Св. Павле“ на 16 февруари 1587. И за време на неговиот живот, но особено по неговата смрт, за многу Англичани, тој се смета за пример за дворјанин: и учен и вклучен во политика, но во исто време и великодушен, храбар и импулсивен. Иако во политиката, во тоа време, не бил ништо повеќе од само една маргинална личност, бил запаметен како цутот на англиската мажественост во „Аристофел“ на Едмунд Спенсер, една од најдобрите елегии на англиската ренесанса. Раната биографија на Сидни била напишана од неговиот пријател и соученик, Фулк Гревил. Алгернон Сидни, учесник во заговорот Рај Хаус, бил правнук на сер Филип Сидни. Во Жутфен, Холандија има улица именувана по сер Филип Сидни. Има и статуа за него во паркот Коехорнсингел, каде англиските војници, кои загинале во битката на Жутфен биле привремено закопувани. На местото каде бил смртно ранет од шпанската војска има спомен плоча, која може да се најде на влезот на Варнсвелдсевег, југоисточно од католичките гробишта.