ФК Луцерн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Швајцарија Луцерн
Целосно имеФудбал Клуб Луцерн
Основан12 август 1901
СтадионСвиспорарена
Луцерн, Швајцарија
(Капацитет: 17,000)
СопственикШвајцарија Рудолф Штагер
ТренерГерманија Маркус Бабел
ЛигаШвајцарска Супер лига
2022/23Швајцарска Супер лига, 4-ти
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

ФК Луцерн е швајцарски фудбалски клуб од градот Луцерн. Од сезоната 2006-07 се натпреварува во најсилната конкуренција во својата земја, Швајцарската Супер лига.

Луцерн е основан во 1901 година и досега има една титула во швајцарското првенство и двапати го освоиле Купот на Швајцарија.

Својте домашни натпревари Луцерн ги игра на Свиспорарена, која во 2011 година била изградена на местото на стариот Стадион Алменд. Најголеми соперници му се екипите на Санкт Гален, Сион и Грасхопер.

Историја[уреди | уреди извор]

Официјалното основање на клубот било на 12 август 1901 во ресторанот Сајденхоф. Швајцарската фудбалска асоцијација ги вклучува две години подоцна и во нивната првата сезона играле во трета лига по ранг, поранешната серија Ц.

Најголемиот успех на клубот било освојувањето на Швајцарското првенство во 1989 година. Исто така Луцерн е двократен носител на Купот на Швајцарија во 1960 и 1992 година. Досега настапувале во два европски турнири Купот на победниците на куповите во 1992 године и во Купот на УЕФА во 1997 година.

Луцерн испаднал од Швајцарската Супер лига во 2002 година, но повторно се вратил во 2006 година. Оттогаш најголемиот успех го имале во сезоната 2011-12, кога го освоиле второто место Супер лигата и исто така играле во финалето на Купот на Швајцарија, но и двете натпреварување ги загубиле од екипата на Базел.

Хронологија[уреди | уреди извор]

(Легенда: Национална Дивизија A (Швајцарска Супер лига) = 1º ниво / Национална Дивизија Б (Челенџ лига) = 2º ниво / 1.Лига Класик = 3º ниво / 2.Лига Интеррегионал = 4º ниво / 2.Лига = 5º ниво / 3.Лига = 6º ниво / 4.Лига = 7º ниво / 5.Лига = 8º ниво)

Бои и амблеми[уреди | уреди извор]

Официјалните бои на клубот се сина и бела ().

Стадион[уреди | уреди извор]

Поглед на Свиспорарена, стадионот беше отворен во 2011.

Во периодот 1934 и 2009 година, Луцерн ги играл своите натпревари на Стадионот Алменд[1] кој имал теоретски капацитет од 25.000 места. Поради безбедносни причини сепак, Швајцарската фудбалска асоцијација не дозволила повеќе од 13.000 гледачи да присуствуваат во последните години од постоењето на овој стадион. Додека новиот стадион да биде завршен, Луцерн привремено ги играл домашните натпревари на Стадионот Герсаг кој се наоѓа во Еменбрик и на кој настапува екипата на Еменбрик.

Во јули 2011 година, клубот се преселил на новоизградената Свиспорарена, кој се наоѓа на местото на стариот терен. Првиот натпревар на Луцерн на новиот стадион завршил нерешено 0-0 против Тун.[2] Официјалното отворање на стадионот било на 3 септември против Хамбургер во натпревар што завршил 2-2.

Титули[уреди | уреди извор]

1988–89.

1959–60, 1991–92.

      • Финалист (4) :

1996-97, 2004-05, 2006-07, 2011-12.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Швајцарија ГМ Давид Зибунг
2 Уругвај ОД Андрес Ламас
3 Швајцарија ОД Ферид Матри
4 Австралија СР Оливер Бозаниќ
5 Хрватска ОД Каја Рогуљj
6 Брег на Слоновата Коска СР Тјери Добаи
7 Швајцарија ОД Клаудио Лустенбергер
8 Албанија СР Јамир Хика
9 Чиле СР Брајан Рабељо
10 Австрија СР Јакоб Јаншер
11 Швајцарија СР Риџ Мобулу
14 Швајцарија ОД Жером Тисон
15 Швајцарија НП Марко Шнеули
Бр. Позиција Играч
16 Швајцарија ОД Франсоа Афолтер
17 Швајцарија СР Клаудио Холенштјн
18 Италија ГМ Лоренцо Буки
19 Швајцарија НП Адријант Винтер
21 Парагвај НП Дарио Лескано
23 Франција ОД Сали Сар
24 Швајцарија СР Ален Вис
26 Швајцарија СР Ремо Фреулер
28 Португалија СР Сава Бенто
30 Швајцарија ГМ Јонас Омлин
31 Швајцарија ОД Недим Шачировиќ
33 Албанија ОД Фидан Алити

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2010-01-18. Посетено на 2014-11-23.
  2. http://justcantbeatthat.com/2011/31-july-2011-swisspornarena-opens-with-fcl-0-0-tuna/[мртва врска]