Токио Хотел

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Токио Хотел

Токио Хотел, 2010. Л-Д: Георг Листинг, Бил Каулиц, Том Каулиц, Густав Шефер
Биографски податоци
Потекло Магдебург, Германија
Жанрови

поп рок, рок, електронски рок, глам рок, алтернативен рок

Период на активност 2001– денес
Издавачи Universal Music Germany, Cherrytree, Interscope
Мреж. место tokiohotel.com
Членови
Бил Каулиц
Том Каулиц
Георг Листинг
Густав Шефер

Токио Хотел (Tokio Hotel) е германска рок група оформена во 2001 година во Магдебург (Германија) од страна на вокалистот Бил Каулиц (Bill Kaulitz), гитаристот Том Каулиц (Tom Kaulitz), тапанарот Густав Шефер (Gustav Schäfer) и басистот Георг Листинг (Georg Listing). Квартетот има постигнато четири број еден синглови и има издадено три број еден албуми во родната им земја, продавајќи приближно 5 милиони CD-ја и DVD-ја. Откако запишуваат необјавено демо-CD под името „Devilish“, а својот прв договор со Sony BMG Germany е прекинат, групата го издава својот прв германски албум, Schrei, под името Токио Хотел во 2005 година под Universal Music Germany. Schrei продава повеќе од половина милион копии насекаде во светот, а исто така постигнува и четири топ 5 синглови во Германија и Австрија. Во 2007 година бендот го издава својот втор германски албум „Zimmer 483“ (Соба 483) и својот прв англиски албум „Scream“. Овие два албума продаваат преку милион копии насекаде низ светот и ја донесуваат првата МТВ Европска Музичка Награда (MTV Europe Music Award) на бендот и намреч награда за Најдобра Интеракција (Best InterAct). Првиот албум, „Zimmer 483“, постигнува три топ 5 синглови во Германија, додека вториот, „Scream“, устварува два сингла кои се уврстувват во најдобрите топ 20 во држави како Франција, Португалија, Шпанија и Италија. Во септември 2008 година во САД ја освојуваат својата прва МТВ Видео Музичка Награда (MTV Video Music Award) за Најдобар Нов Изведувач (Best New Artist). Во октомври 2008 година освојуваат четири награди меѓу кои и награди за Најдобар Интернационален Изведувач (Best International Artist) и Песна на годината (Song of the year) на Los Premios МТВ Латиноамерика кои се одржуваат во Мексико. Токио Хотел се првиот германски бенд кој е освоил награда на МТВ Видео Музички Награди како и на МТВ Латиноамериканските Награди. Покрај тоа ја освоијуваат и наградата Ѕвезда (Headliner award) на МТВ Европските Музички награди кои се оддржуваат во Ливерпул на 6 ноември 2008 година, како и наградата за Најдобра Група (Best Group) на 5 ноември 2009 година на МТВ Европските Музички Награди во Берлин. Токио Хотел добиваат награда и за Најдобра Сценска Изведба (Best World Stage Performance) на 7 ноември 2010 година на МТВ Европските Музички Награди во Мадрид. Во јули 2011 година стануваат првиот германски бенд да освои МТВ Видео Музичка Награда во Јапонија (Video Music Awards Japan). Исто така ја добиваат и наградата за Најдобра Фан Армија ("Fan Army FTW") три пати по ред во 2012 година.

Историја[уреди]

Формација (2001–2004)[уреди]

Токио Хотел се состои од вокалист Бил Каулиц (гер. Bill Kaulitz) и гитарист Том Каулиц (гер. Tom Kaulitz), кои се идентични браќа близнаци, тапанар Густав Шефер (гер. Gustav Schäfer) и бас-гитарист Георг Листинг (гер. Georg Listing) . Четворицата се запознаваат во 2001 година после живо шоу каде настапуваат Бил и Том Каулиц, а од публиката ги гледат Листинг и Шефер, кои се познаваат од музичко училиште. Нивниот сличен вкус за музика доведува до создавањето на групата Devilish („Ѓаволски“) со која наскоро почнуват да настапуват во талент шоуа и да оддржуваат мали концерти. По настапот на, тогаш тринаесет годишниот, Бил Каулиц во детското шоу Потрага по Ѕвезда во 2003 г. (од кое испаѓа во четврт-финалето) е откриен од музичкиот продуцент Питер Хофман (Peter Hoffmann). Devilish го менуваат своето име во Токио Хотел: “Токио“ по јапонскиот главен град, заради љубовта до него, а “Хотел“ заради сталните турнеи и живот во хотели. Вокалистот Бил вели дека кога го бирале името барале нешто што би ги стално мотивирало да напредувват и да одат напред. Градот “Токио“ како далечен и недосеглив град за кого незнаеле речиси ништо им се чинел како добра опција, додека „Хотел„ бил симбол за живот каков би сакале да живеат. Откако Sony BMG потпишува договор со нив, Хофман ги најмува Давид Јост (David Jost) и Пат Бенцнер (Pat Benzner) во тимот на креатори и автори, кои имаат за работа да ги советуват тинејџерите при пишувањето песни и свирењето инструменти; повеќето од песните на првиот албум се напишани од Хофман, Јост и Бнецнер (вклучувајќи ги и сингловите "Schrei" и "Rette mich" кои се целосно напишани од нив), само синглот "Unendlichkeit" е целосно напишан од Токио Хотел самите. Sony го прекинува договорот со нив кратко пред издавањето на нивниот трет албум. Бендот е еден од најуспешните и најголемите германски модерни изведувачи во последните 20 години.

Schrei (2005–2006)[уреди]

Бил Каулиц настапува во Хесиш Лухтен, Германија во 2006.

Во 2005 година Universal Music Group потпишува договор со Токио Хотел и развива маркетиншки план за нив. Првиот сингл на бендот "Durch den Monsun" („Преку монсунот“) брзо се искачува на топ листите и се појавува на геманската официјална топ листа за синглови Media Control на 15. место на 20. август 2005 година и евентуално стигнува и до №1 на 21. август истата година; покрај тоа се искачува на 1. место и на австриските топ листи. Вториот сингл, "Schrei" („Викај“), се искачува на 5. место на германските топ листи. Овие две песни се напишани од пејачот Бил Каулиц со помош од групата на продуценти Питер Хофман, Давид Јост, Пат Бенцнер и Дејв Рот (Dave Roth). Нивниот втор албум, Schrei, е издаден на 19. септември, 2005 година; албумот е награден со тројно злато од страна на BVMI во 2006 година заради продадени повеќе од 300 000 копии во Германија. Во 2006 година бендот издава трет и четврт сингл, "Rette mich" („Спаси ме“) и "Der letzte Tag" („Последниот ден“). "Der letzte Tag" содржи и Б-страна именувана "Wir schließen uns ein", која има и музичко видео.

Zimmer 483 (2007–2008)[уреди]

Првиот сингл од нивниот втор албум Zimmer 483 (Соба 483), именуван "Übers Ende der Welt" („На крајот на светот“; подоцна повторно издаден на англиски јазик под името "Ready, Set, Go!"), го издаваат на 26. јануари 2007 година и брзо се искачува на №1 место во Германија и Австрија и №2 место во Франција. Албумот Zimmer 483 е издаден на 23. февруари 2007 г. во Германија заедно со делукс издание на албумот кое содржи DVD. Вториот сингл од албумот "Spring nicht" („Не скокај“) е издаден на 7. април. Турнеата по повод излегувањето на албумот, планрана за март 2007, е одложена за две недели заради желбите на бендот по различен дизајн на бината. Трет сингл, "An deiner Seite (Ich bin da)" („На твојата страна (Јас сум тука)“) е издаден на 16. ноември. Синглот содржи и Б-страна, песната "1000 Meere" („1000 мориња“) за која е снимен и видео спот. Токио Хотел го издава синглот "Heilig" („Свет“) на 28 април 2008 г., но без видео спот, заради густиот распоред кој го имаат.

Scream (2007–2008)[уреди]

Турнеја во Северна Америка и Humanoid (2009–2010)[уреди]

Членови[уреди]


Дискографија[уреди]

Синглови[уреди]

  • 2005: Durch den Monsun (Преку монсунот)
  • 2005: Schrei (Викај)
  • 2006: Rette Mich (Спаси ме)
  • 2006: Der Letzte Tag (Последниот ден)
  • 2007: Übers Ende der Welt (На крајот на светот)
  • 2007: Spring Nicht (Не скокај)
  • 2007: Monsoon (Англиска верзија на Durch den Monsun)
  • 2007: Ready,set,go (Англиска верзија на Übers Ende der Welt )
  • 2007: An deiner Seite (Ich bin da) (Јас сум тука)
  • 2007: 1000 Meere (1000 oceans) (1000 мориња/океани)
  • 2008: Don't Jump (Англиска верзија на Spring Nicht)
  • 2009: Automatisch/Automatic (Автоматски)
  • 2010: Lass uns laufen/ World behind my wall (Ајде да трчаме/Светот позади мојот ѕид)
  • 2010: Dark side of the sun (Темната страна на сонцето)
  • 2010: Hurricanes und suns (Бури и сонца)
  • 2010: Mädchen aus dem all

Албуми[уреди]

  • 2003: Devilish(Ѓаволски), Германија, содржи 7 песни
  • 2005: Schrei (Викај), Германија: №1, Полска: №3, Унгарија: №4
  • 2006: Schrei: So Laut Du Kannst — Extended Editon (Викај толку силно, колку можеш — Подобрено издание), Германија: №1
  • 2007: Zimmer 483(Соба 483)
  • 2007: Scream (Викај) — англиска верзија на 2-от албум
  • 2007: Room 483 (Соба 483)- албум со англиските верзии на нај-големите им хитови и повеќето песни од Zimmer 483.
  • 2009: Humanoid (Хуманоид) - англиска верзија
  • 2009: Humanoid (Хуманоид) - германска верзија
  • 2010: Best Of - нај-добрите хитови издадени некогаш од групата собрани в 1 CD + 2 до сега не издадени песни.

DVD-ја[уреди]

  • 2005: Leb' die Sekunde (Живеј ја секоја секунда): Зад сцената
  • 2006: Schrei Live
  • 2007: Zimmer 483 DVD
  • 2007: Zimmer 483 Live DVD
  • 2008: Tokio Hotel TV Caught on Camera
  • 2010: Humanoid City Live


Надворешни линкови[уреди]