Тит Макциј Плаут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Плаут
Роден(а) 254 п.н.е.
Сансрина, Умбрија
Починал(а) 184 п.н.е.
Рим
Националност Римска република
Влијаел(а) врз Вилијам Шекспир, Жан Батист Поклен Молиер

Тит Макциј Плаут (Титус Мацциус Плаутус), кој живеел помеѓу 251 и 184 година пред н.е., без сомневање е најголемиот и најславниот римски комедиограф. Роден е во малото планинско место Сарсина, во Омбрија, но уште во најраната младост отишол во Рим, каде што работел како организатор на сценски претстави, потоа како актер, а наскоро станал и директор на театарска трупа, вршејќи ја со голем успех и улогата на режисер и декоратор на презентираните пиеси.