Старотуркиски јазик, орхонски туркиски или староујгурски јазик — најстариот документиран туркиски јазик, пронајден на натписи од Ујгурите во периодот од 7 до 13 век. Не можеме да кажеме дека директно ујгурскиот јазик потекнува од овој јазик, но има доста елементи што укажуваат на таа теорија.