Средна Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Средна Гора
Средна гора
Поглед од ридот од тракиското светилиште крај Старосел кон Средна Гора
Највисока точка
Надм. вис.1.604 м
Друго имеСредна гора
Географија
Средна Гора на карта

Карта

Место Бугарија
Матичен венецСредна Гора
Искачување
Најлесен патЛесно планинарење.

Средна Гора (бугарски: Средна гора) е планински масив во Централна Бугарија, кој се наоѓа јужно од планинскиот ланец Стара Планина. Средна Гора се протега од реката Искар на запад и до свиокот на Тунџа северно од Јамбол на исток. Средна Гора е долга 285 км, достигнувајќи најголема ширина од 50 километри. Нејзиниот највисок врв е Гољам Богдан со 1604 метри.[1]

Особености[уреди | уреди извор]

Неколку различни ридови ја поврзуваат Средна Гора со Старопланински ланец - Г’л’бец, Козница, Стражата и Межденик, а ридовите Шумнатица и Шипочан ја поврзуваат планината со Рила. Средна Гора се состои од три дела. Границите на одделните делови минуваат по клисурите на реките Тополница и Стрјама. Деловите на кои е поделена планината се Ихтиманска Средна Гора, С’штинска Средна Гора и Срнена Средна Гора.

Од Средна Гора извираат реките Тополница, Луда Јана, Пјас'чник, Рахманлиска, Омуровска и Сазлика. За Средна Гора се карактеристични широки ливади и пасишта. Планина е позната по воите прекрасни листопадни шуми од бука и даб, а исто така габар, јасен, јавор и бреза. Средна Гора има значителни резерви на бакарна руда (Мини Асарел Медет, Мина Елешница, Мина Радка и др.) и е богата со минерални извори - Хисарја, Стрелча, Панаѓуриште и Бања.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Пенин Р. "Природна география на България", София, изд. Булвест 2000, 2007, стр. 180-184.

Поврзано[уреди | уреди извор]