Јавор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јавор
Листови од јавор
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледонски растенија
Ред: Сапуновидни
Фамилија: Сапунови
Род: Јавор
Чинар во Скопје стар 800 години

Јаворот (науч. Acer) е род на дрва од фамилијата сапунови (Sapindaceae). Опфаќа околу 113 видови, препознатливи по своите вкрстени листови, симетрично ослободени со цветови. Расте до височина од 35 метри, а распространет е во Средна, Западна и Јужна Европа, Северна Америка, Кавказ, северниот дел на Мала Азија и на Далечниот Исток.

Градба[уреди]

Крошната му е широко заоблена, а дебелината на стеблото може да достигне и преку 1 метар и обично е кратко и обраснато со црвеникаво-кафеава кора која се лупи плочесто. Листовите се долги 8 - 16 см, широки, одозгоре темнозелени, а одоздола нешто посветли. Цветовите се жолтеникаво-зелени, во кратки висечки метлички. Цвета десет дена по пролистувањето во мај. Котиледоните му се јазичести, одозгора заоблени, одоздола клинести со паралелна надолжна нерватура.

Обично посадените видови се: сикамура, црвен јавор, шеќерен јавор и норвешки јавор кои растат во Северна Америка и Европа. Азиските видови од своите западни роднини се разликуваат по коренот. Некои се мали како џбунови, некои се зимзелени, а некои имаат сосема изобличени листови.

Употреба[уреди]

Јаворот е извор на дрвена граѓа, особено сикамурата. Јаворите се важен извор на полен и нектар за пчелите во текот на рана пролет.

Со векови луѓето го собирале слаткиот сок од јавор за изработка на сирупи и шеќери. Денес, освен за производство на мебел и подови, јаворот се користи и за производство на музички инструменти. Тоа е едно од најотпорните и најплеменити дрва, а неговата дискретно светла боја дава посебна елеганција и раскош на просторијата каде се наоѓа.

Листот на јаворот е симбол на Канада, и се наоѓа на нејзиното знаме.

Надворешни врски[уреди]