Тунџа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тунџа

Тунџа во Јамбол
Извор Стара Планина
Утока Марица
Земји во сливот  Бугарија
 Турција
Должина 390 km[1]
Надм. вис. на изворот 2.378 m
Сливно подрачје 7884 km² во Бугарија

Тунџа (бугарски: Тунджа, турски: Tunca) е река во Бугарија и Турција. Таа е најзначајната притока на реката Марица и се влева во неа на турска територија во близина на градот Едрене. Таа извира од централниот дел на Стара Планина, а токму јужно од врвот Јурушка грамада во Калоферскиот Балкан. Во горното течение протекува во длабока долина со голем наклон. Се до Јамбол Тунџа тече право на исток но крај ридот Зајчи Врв прави свртување на 90 степени и презема во јужна насока, која задржува до влеването и во Марица. По течението на реката се изградени две големи вешташки езера - Копринка и Жребчево.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]