Стрјама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Реката Стрјама.

Стрјама (бугарски: Стряма) е река во јужна Бугарија. Реката е лева притока на Марица. Стрјама е долга 110,1 км и има речен слив од 2853 км².[1]

Стрјама извира од Стара Планина, под врвот Вежен, потоа тече кон исток покрај железничката станица Стрјама и поминува во близина на гратчето Клисура. Потоа врти југоисточно од селото Розино и тече низ Карловското поле. Реката продолжува кон гратчето Бања каде ја формираа Стрјамската клисура меѓу планините С’штинска и Срнена Средна Гора, каде што Долга Вада се одвојува од неа и подоцна се влеваа во реката Марица како посебна река. Потоа Стрјама поминува низ голем број села и се влеваа во Марица на 15 км источно од Пловдив.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия България, том 6, Издателство на БАН, София, 1988, стр. 523.

Поврзано[уреди | уреди извор]