Рио де Жанеиро (Бразилска држава)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro - Јануарска река на португалски) e државa во југоисточен Бразил. Во државата се наоѓа и истоимениот град Рио де Жанеиро, еден од најголемите во Бразил. Државата на исток излегува на Атлантски Океан, на север се граничи со државите Еспирито Санто и Минас Жераис, а на југ со државата Сао Паоло.

Географија[уреди]

Рио припаѓа на областа Мата Атлантика, со рељеф составен од ниски планини сместени помеѓу Сера дa Mантикеира и Атлантски Океан, различна топологија, преполни заливи, лагуни и тропски шуми. Иако Рио де Жанеиро е една од помалите држави во југоисточниот регион на Бразил, со 635 километри обале, е трета по брегова должина, веднаш зад Баија и Марањао.

Геологија[уреди]

Генерално почвата во држави е прилично неплодна. Области во кои е сепак можно полјоделство се Кампос дос Гојтаказес, Кантагало, Кордеиро и некои градови во долината на реката Параиба ду Сул.

Рељеф[уреди]

Државата според рељефот се дели на два дела:

  • Баишада Флуминензе (Baixada Fluminense - низок Рио де Жанеиро), деловите на државата под 200 метри;
  • Сера Флуминензе (Serra Fluminense - планински Рио де Жанеиро), деловите на државата повисоки од 200 метри.

Клима[уреди]

Температурата на годишно ниво варира со многу топли лета. Во областа Баишада доминира тропската клима сo просечна годишна температура од 24ºC и 1.250 милиметри дожд годишно. Во планинските предели климата е тропска, но со постудени и поврнежливи лето и зима. Просечната температура во планинскиот дел е 16ºC со 2.000 милиметри врнежи годишно.

Вегетација[уреди]

Оригиналната вегетација на овие простори е изменета поради полјоделството и сечата на шуми. Моментално, шумата покрива само десеттина од државата и тоа главно во планинските области. Во Баишада, единствена вегетација се мочуришните шуме мангрови по заливите.

Хидропотенцијал[уреди]

Најголема река во државата е Параиба ду Сул, која извира во Сао Паоло, и се влева во Атлантски Океан, кај местото Сао Жоао да Бара. Главни притоки се Помба, Муриае, Пиабиња, Пирај и Парајбуна.

Историја[уреди]

Рио де Жанеиро настал од делови на капетанијата Томе и Сао Висенте. Помеѓу 1555 и 1567 територијата е практично населена од Французите, кои имале намера да направат колонија Француски Антарктик. За да спречи таква намера, во март, 1565 година, Естасио де Са го подигна градот Рио де Жанеиро.

Во 17 век, сточарството и плантажите со шеќерна трска се носители на напредокот, а со откривањето на златото во 18 век и скапоцениот камен во Минас Жераис, Рио де Жанеиро стана главно пристаниште за извоз на руда. Наследувајќи го Салвадор, во 1763 година, Рио де Жанеиро стана приестолнина на колонијалниот Бразил.


Население[уреди]

Економија[уреди]

Рио де Жанеиро, како држава има втора по големина индустрија во федерацијата, после Сао Паолo и е поврзана за нафтата и рафинериите, хемиската индустрија и бродоградилиштата. Некои од најпознатите бразилски компании се со седиште во Рио, како Петробрас (Petrobrás), најголемата нафтена компанија, и Банку ду Бразил (Banco do Brasil) најголемата банка. Доходот на државата е над државниот просек и може да се спореди со доходот на државите како Чиле, Ирска, Португалија и Данска.