Репродуктивен систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Репродуктивен систем
Penis mk.svg
Анатомија и физиологија на машкиот генитален систем
Scheme female reproductive system-mk.svg
Анатомија и физиологија на женскиот генитален систем
Латински systema reproductionis
Систем Генитален систем

Постојаат машки и женски генитални органи.

Содржина

Анатомија и физиологија на женските генитални органи[уреди]

Гениталните органи кај жената се поделени во две групи: надворешни и внатрешни генитални органи.

Анатомија и физиологија на надворешни женски генитални органи[уреди]

Надворешните генитални органи со едно име се нарекуваат Vulva, тоа се:

Венерин брег - MonsVeneri (Срамен брег)[уреди]

MonsVeneri - Венерин брег (Срамен брег), се наоѓа пред симфизата. Тоа е перниче на поткожно масно ткиво. Во текот на пубертетот е покриeно со влакна. Ова перниче пред пубертетот не е изразено, а во постменопауза изчезнува.

Клиторис, големи и мали срамни усни

Големи срамни усни (Labia maiora pudendi)[уреди]

Големи срамни усни (Labia maiora pudendi) се два кожни набори кои напред се спојуваат во MonsVeneri, a назад во мегичката (perineum).

Мали срамни усни(Labia minori pudendi)[уреди]

Малите срамни усни (Labia minori pudendi) се помали кожни набори кои се наоѓаат под големите срамни усни.

Дразница (Clitoris)[уреди]

Дразницата се наоѓа напред каде што се спојуваат малите усни и содржи голем број крвни садови и нервни завршетоци, па затоа претставува најчувствителното и најраздразливото место на надворешните генитални органи кај жената.

Трем на вагината (Vestibulum)[уреди]

Тремот претставува триаглесто подрачје ограничено со clitoris, од страна со малите усни, а назад со френилум на усните. Во вестибулумот еден до два санитиметри по клиторисот се наоѓа надворешниот отвор на уретрата. Тоа е цевка долга три-четири сантиметри и води кон мочниот меур. Поради што е права и кратка и затоа што надворешниот отвор е многу блиску до вагината, постои можност инфекциите од вагината лесно да се пренесаат до мочниот меур.

Sceneo-канал[уреди]

Sceneo-канал или одвод се отвори на две мали жлезди кои се наоѓаат покрај уретрата и лачаат секрет кој има заштитна улога.

Момичски залисток (Hymen)[уреди]

Типови на химен

Моминскиот залисток[1] е тенка мембрана која делумно го затвара влезот во вагината се до првиот сексуален однос (coitus). После тоа се раскинува (deflopatio), а неговите остатоци ги нарекуваме карункули. Постојаат повеќе видови на химен. На пр: прстенест, дводелен, решеткаст, еластичен и тврд, што особено е важно во сидската медицина.

Мегичка (Perineum)[уреди]

Мегичката претставува мускулно, сврзно и масно ткиво покриено со кожа, кое се наоѓа измеѓу задните ѕидови на вагината и анусот.

Бартолиниеви жлезди[уреди]

Бартолиниевите жлезди претставуваат две жлезди кои се наоѓаат во долната третина на долните усни. Лачат секрет кој има заштитна улога.

Анатомија и физиологија на внатрешни женски генитални органи[уреди]

Вагина (Родница)[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Вагина.

Вагината има цевчеста форма и се протега од хименот до грлото на матката. Предниот ѕид изнесува седум и пол сантиметри а задниот ѕид изнесува десет сантиметри. Грлото на матката го дели дното на родницата на четири дела: преден, заден и два странични.
Ѕидот на родницата е изграден од три слоја:

  • Внатречен слој - кој е повеќе слоен плочест епител;
  • Среден слој - мускулен слој;
  • Надворешен слој - се состои од сврзно ткиво и крвни садови.

pH на вагината е кисела и спречува размножување на различни бактерии. Додерлајновите бактерии нормално живеаат во вагината и го претвораат гликогенот во млечна киселина, па затоа вагиналниот секрет е кисел.

  1. Улога на вагината:

Вагината ги поврзува внатрешните генитални органи со надворешниот свет и служи за истекување на менструалната содржина. Како орган за извршување на сескуален однос. Орган преку кој се изведуваат разни вагинални и интраутерини интервенции. Во текот на бременоста вагината служи за разни интервенции(сарклаж). При раѓањето таа го сочинува мекиот дел од родилниот канал низ кој поминува плодот. Во текот на леунството истотака служи за изведување на некои интервенции.

  1. Врски на вагината со соседните органи:
Горе: со грлото на матката;
Долу: со Vulva;
Назад: со анус и ректум;
Напред: со мочен меур и мочен канал.

Матка (Uterus)[уреди]

Опис на деловите од матката

Mатката претставува шуплив орган во вид на круша, сместен во средината на мала карлица, помеѓу мочниот меур напред и ректум назад. Должината е од седум до осум и пол сантиметри, нејзината тежина изнесува педесет грама.
Кај матката разликуваме:

  • дно - fundus
  • тело - corpus
  • грло - cervix

Делот на вратот кој виси од вагината се вика грло на матката или portio. Грлото на матката се состои од три слоја:

  • Ендометриум - претставува внатрешен слој, лигавица која ја обложува празнината на матката. Во текот на репродуктивниот период на жената ендометриумот под дејство на оваријалните хормони, циклички се менува секој месец. Во првата фаза до менструалниот циклус тој е многу тенок, потоа постепено се здебелува во втората фаза. Во текот на бременоста значително се менува и се вика децидуа.
  • Миометриум - е средниот мускулен слој на матката. Мускулните влакна се спирални околу телото на матката, кружни околу цервиксот и јајеводите, а надолжни кон дното на матката. Мускулните влакна овозможуваат контракции на матката проширување и скратување на цервиксот за време на раѓањето.
  • Периметриум - претставува перитонеум кој ја покрива надворешната површина на матката. Назад го формира догласовиот простор - Doglas.

Врат или грло на матката - должината изнесува три сантиметри и е изграден од лигавица богата со жлезди кои лачаат слуз, плочест епител, мазни мускулни влакна и сврзно ткиво. Надворешниот отвор на цервиксот кај жени кои не раѓале има конусен облик, а кај жени кои раѓале има цилиндричен облик. Цервиксот е богато снабден со крвни и лимфни садови, па затоа воспалителни или малигни процеси брзо се шираат во внатрешните органи.

Јајеводи (Tuba Uterina Falopi)[уреди]

Јајеводот е паред цевчест орган со должина од десет до дванаесеет сантиметри, кој се протега од аголот на матката до страничните делови на малата карлица. Јајце клетката која по овулација излегува од јајникот е прифатена од јајцеводот и се носи до матката. Јајцеводот е составен од:

  • Интерстицијалис (pars interstitialis)
  • Паристмика (pars isthmica)
  • Проширен дел (ampula tubae)

На слободниот крај од јајцеводот се наоѓаат ресички или фимбрии кои имаат значајна улога во прифаќањето на јајце клетките. Јајеводот е изграден од три слоја:

  • Лигавица;
  • Мускулен слој;
  • Серозен слој.

Јајник (Ovarium)[уреди]

Јајник- Овариум

Јајникот претставува женскам половова жлезда или гонада, е парен орган сместен под јајеводор од двете страни на матката со големина колку зелен бадем и тоа: четири сантиметри долга, два сантиметри широка и еден сантиметар дебела. До пубертетот неговата површина е мазна а во репродуктивниот период е избраздена од предходните овулации. Има беличаста боја.
Јајникот има две основни финкции:
1. Репродуктивна - во него се созреваат женските полови клетки - јајце клетки. Вака јајникот се однесува како жлезда со внатрешно лачење.
2. Вегетативна функција - лачи хормон естроген и прогестерон па се однесува како жлезда со внатрешно лачење.
Кај јајникот се разликуваат:

  • Срцевина (medula)
  • Кора (cortex)

Во кората се наоѓаат јајце клетките во различни фази од развојот. При раѓањето во кората се наоѓаат околу четрстотини примарни фоликули, а до пубертет остануваат околу триесет илијади кои почнуваат да созреваат. Од пубертет секоја година созреваат околу 13 јајце клетки годишно, односно вкупно четрстотини до менопауза[2].

Хормони[уреди]

Хормони на графовиот фоликул[уреди]

Графовиот фоликул лачи естрогени хормони. Сосема мали количини се лачаат во кората на надбубрежните жлезди, а во текот на бременоста, плодовата постелница - плацента лачи големи количини на естрогени хормони. Од естрогените хормони најмногу се лачи b-естрадиол, потоа следуваат естром и естриол. Најголема физиолошка активност има b-естрадиол. Во периодот на пубертет, под влијание на фоликулостимулирачкиот хормон се лачаат дваесет пати поголеми количини на естрогените хормони, тоа придонесува за растење на половите органи:

  • се зголемуваат јајцеводите,утерусот и вагината,
  • Клиторисот, малите и големите срамни усни добиваат пропорции на зрела жена.

Исто така се јавуваат и половите секундарни разлики, како што се:

  • нежни и типично женско тело ( се одликува со широка карлица и потесни рамена),
  • гласот е потенок, ларингсот е послабо развиен,
Се јавуваат и други полови карактеристики.

Хормон на жолтото тело[уреди]

Прогестерон во 3Д изглед

Жолтото тело лачи хормон прогестерон, кој спаѓа во групата на стероидните хормони. Основната материја од која се синтетизира прогестеронот е холестерол. Прогестеронот има специфично дејство за половите ограни кај жената. Прогестеронот дејствува на утерусот така што го подготвува евентуалното примање на оплодената јајце клетка. Заедно со естрогените хормони ја зацврстуваат мускулатурата на утерусот, воеедно ја инхибираат контрактибилноста на матката.

Анатомија и физиологија на машките генитални органи[уреди]

Движење на машките полови клетки сперматозоиди

Машкиот репродуктивен систем исто како и женскиот репродуктивен систем, не е неопходен за преживување на организмот, но е неопходен за преживување на хуманата раса. Машкиот репродуктивен систем претставува една половина од неопходните органски структури за пропагација на животот. ДНК структурата се пренесува од една на друга генерација преку неселективна селекција што преставува прокреација со интордукцијата на машкиот сперматозоид и женската јајце клетка. Со спојување на овие две клетки, се раѓа нов живот.

Машки полов орган (пенис)[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пенис.
Делови на пенисот

Пенисот е машки полов орган чија функција е спроведување на спермата и урината и нивна ејакулација, односно екскреција надвор од организмот. Тој е сместен над тестисите, а под карличната симфиза. Кај малите деца пенисот не е развиен и со тек на време се зголемува, а потполно се оформува во текот на пубертотот. Просечната големина на машкиот полов орган, кај возрасен маж, во мирување е од 6 до 10 см, но максималната растегливост е различна и индивидуална кај секој маж. Така на пример, за белата раса, просечната големина на пенисот во ерекција изнесува од 9 до 19 см, односно просечната растегливост е 14, 5 см, промер 4см, а опсегот на коренот на пенисот 12 см. Пенисот се состои од два дела:

  • тело (corpus penis)
  • глава на пенисот (glans penis).

Телото на пенисот е изградено од три снопа на фиброзно ткиво: две идентични кавернозни тела (corpus cavernosus), кои се поставени непосредно еден до друг на задната страна на телото на пенисот, и едно спонгиозно ткиво (cospus spongiosum) кое е поставено меѓу нив на предната страна. Кавернозното тело се полни со крв при сексуално возбудување и доведува до ерекција на пенисот. Спонгиозното ткиво на својот крај се зголемува, добива топчеста форма и ја формира главата на пенисот. Овие два вида на ткива го градат еректилното тело на пенисот. Главата на пенисот е препокриена со двоен кожен набор (препуциум). Препуциумот е подвижен и лесно може да се повлече на назад и да ја ослободи главата на пенисот. Во ерекција, препуциумот се повлекува од главата на пенисот. Низ средината на спонгиозното ткиво минува надворешниот мочен канал (уретра) кој завршува со отвор на врвот на главата на пенисот (meatus). Низ мочниот канал минува мочката при мочањето, како и семената течност при ејакулацијата.

Составни делови на тестисот

Сексуална функција[уреди]

При сексуалното возбудување, крвните садови на пенисот се исполнуваат со крв, што доведува до ерекција (укрутување) на полниот орган, со што се овозможува сексуален однос, односно пенетрација. Мажите за време на сексуалното возбудување, со два ускладени независни рефлекси остваруваат празнење (емисија) и потоа исфрлање на семената течност (ејакулација), а мускулните стегања во пенисот доведуват до оргазам. Остварувањето на половиот акт кај мажот е главно под нервна контрола. Во главата на пенисот се наоѓа богат сплет од сензитивни нервни влакна, кои при сексуално возбудување и допир испраќаат импулси до централниот нервен систем преку ’рбетниот мозок.. Со тоа се постигнува ерекција и можност за полов акт . Такви, сексуални нервни импулси, се испраќаат и од деловите близу до пенисот. Најчести заболувања на пенисот се:

  • хипоспадија;
  • фимоза;
  • парафимоза;
  • баланитис;
  • рак (карцином).

Семеник (Testis)[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Семеник.
Градба на тестис

Семеник (епидидимис) е дел од надворешните машки полови органи, сместен во скротумот (мошник) заедно со тестисот. Има облик на цевка, долга од 3 до 5 м, која е совиткана и служи за пренос на машките полови органи до простата, а потоа и надвор од телото.
Анатомски има 3 дела:

  • глава - која лежи над горниот пол на тестисот и е негов најраширен дел, покриена е со туника албугинеа која го обвива и тестисот и на тој начин комуницираат помеѓу себе;
  • тело - кое лежи на задниот раб на тестисот и се продолжува како семена врвца;
  • опашка - лежи во долниот дел на задниот раб на тестисот и не е јасно одвоена од телото.

Функција на тестисите[уреди]

Основната функција на тестисите е производство на хормонот тестостерон. Нормално е еден тестис да биде на пониско ниво (обично левиот). Ова се должи на разликите во васкуларната и анатомската структура на левата и десната страна на скротумот и тестисите.

Пасеменик[уреди]

Човечки сперматозоиди снимени микроскопски

Пасеменикот преставува парен издолжен орган налегнат на горниот дел од тестисот. Составен е од еден долг извиен каналкој ги одведува сперматозоидите.

Семена кесичка(vesicula seminalis)[уреди]

Семена кесичка(vesicula seminalis), преставува парен орган. Сместен пред дебелото црево, а под мочен меур. Изводниот канал од кесичката се спојува со семеводот. Жлездите од семената кесичка лачаат секрет кој влегува во состав на семената течност - сперма.

Состав на сперматозоидите(сперма)[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Сперма.
Составни делови на сперамтозоидот

Спермата е составена од сперматозоиди, секрет од жлездите на пасеменикот, семеводот, семените кесички од простата и булбоуреталните жлезди.
Сперматозоидот се состои од:

  • лава,
  • врат,
  • опашка.

Во главата на сперматозоидот се наоѓа јадро во кое е сместен материјалот потребен за оплодување. Предниот дел од главата е наречен акрозом. Во акрозомот се наоѓаат протолитични ензими со кои се врши разградба на обвивките од јајце клетката. Телото и опашката на сперматозоидите се одговорни за движење.

Семевод(ductus deferens)[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Семевод.
Навлегување на сперматозоидите во јајце клетката

Семеновод е дел од внатрешните машки полови органи. Има форма на тенка цевка (дијаметар околу 0,3 до 0,5 мм) и ги поврзува тестисот и простата.
Анатомски се дели на 4 топографски дела:

  • pars epididimica - е во непосреден контакт со епидидимисот и тестисот и претставува воедно почеток на епидидмисот;
  • pars funicularis;
  • pars libera- дел од епидидимис до влез во ингвиналниот канал;
  • pars inguinalis - дел којшто лежи во ингвиналниот канал и е дел од funiculus spermaticus;
  • pars iliaca - дел од излез од ингвиналниот канал до linea arcuata (os coxae);
  • pars prostatica - од linea arcuata до влез во простатата.

Машка мочна цевка(uthra masculina)[уреди]

Машка мочна цевка преставува уринарен орган. Нејзината должина изнесува од 16 до 18 санитметри. Околу машката мочна цевка се наоѓа напречно пругаст мускулен свингтер. Уретрата завршува со едно проширување на главичката од пенисот.

Простата[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Простата.
Местоположба на машките генитални органи. На кој добро се гледа и простата

Простата преставува жлездено мускулен орган налик на костен. Простата се наоѓа под мочниот меур. Преку неа поминува уретрата и нефрлувачките канали.Булбоуреталните жлезди се прилепени за уретрата каде што го излачуваат својот секрет.

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]

Појаснување[уреди]

  1. Момински залисток познат како химен. Мрежичка која се раскинува при првиот сексуален однос.Химен, Hymen
  2. Mенопауза - Менопаузата е природна појава во животот на жената кога престанува нејзината менструација. Исто така е позната под името климактериум што значи промена на животот. Менопауза обично настапува помеѓу 44-та и 55-та година од животот. Менструациите можат да станат помалку обилни и понередовни пред конечно да престанат. - Менопауза