Менопауза

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Менопаузата е природна појава во животот на жената кога престанува нејзината менструација. Исто така е позната под името климактериум што значи промена на животот. Менопауза обично настапува помеѓу 44-та и 55-та година од животот. Менструациите можат да станат помалку обилни и понередовни пред конечно да престанат.

Fffemaleanat.JPG

Содржина

[уреди] Како се случува

Од двете страни на матката (утерусот) на жената се наоѓаат јајниците кои го произведуваат хормонот естроген. Овој хормон помага во регулирање и создавање јајце (овула) кај жената. За време на климактериумот јајниците почнуваат да создаваат помалку естроген при што не се произведуваат повеќе јајца и престанува менструацијата.

Климактериумот може да настапи на било која возраст ако јајниците на жената се извадени при хисторектомија операција (отстранување на матката).

[уреди] Симптоми

Повеќето жени или воопшто ќе немаат симптоми, или ќе имаат само благи симптоми што ќе траат само неколку месеци. Но за некои жени, симптомите можат да бидат мачни и да траат неколку години. Тие се:

[уреди] Последици

Климактериумот прави жените постепено да губат дел од калциумот во нивните коски. Кај многу жени коските стануваат крти и лесно кршливи. Овој проблем е наречен Остеопороза.

[уреди] Извор

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици