Проксима Кентаур

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Проксима Кентаури)
Прејди на: содржини, барај

Проксима Кентаур(и)ѕвезда која се наоѓа во соѕвездието Кентаур. Таа е најблиска ѕвезда до сончевиот систем[1]. Оддалечена од Земјата 4,28 светлосни години. Се наоѓа во тројниот ѕвезден систем Алфа Кентаур. Алфа Кентаур, иако троен систем се гледа како сјајна ѕвезда, најсјајна во соѕвездието Кентаур кое се наоѓа на Јужното небо. Не се забележува од територијата на Македонија.

Ѕвездата Проксима Кентаур

Проксима Кентаур е најмалиот член на тројниот систем, и е оддалечена околу 10 000 астрономски единици од центарот на тој систем. Припаѓа на класата црвени џуџиња, и е со пречник околу една седмина од пречникот на Сонцето, а додека нејзината маса е околу осмина од масата на Сонцето. Густината на Проксима Кентаур е околу 40 пати поголема од сончевата. Иако мала ѕвезда, поради нејзината голема близина, често е цел на астрономски набљудувања.

Проксима Кентаур е откриена во 1915 година во ЈАР од страна на Роберт Инес.

Наводи[уреди]

  1. Kervella, Pierre; Thevenin, Frederic. „A Family Portrait of the Alpha Centauri System: VLT Interferometer Studies the Nearest Stars“, ESO, 15 март 2003 (конс. 9 јули 2007).