Меѓународен небесен координатен систем
Од Википедија, слободната енциклопедија
Меѓународниот небесен координатен систем или Меѓународен небесен упатен систем (англ. International Celestial Reference System, ICRS) е постојниот стандард за небесни координати усвоен од Меѓународната астрономска унија (МАС). Почетокот е во тежиштето на сончевиот систем, со оски што се „неподвижни“ во однос на вселената. Координатите на ICRS се приближно исти на екваторијалните координати: средниот пол на ICRS во J2000.0 е сместен на 17,3±0,2 млс во насока 12 ч и 5,1±0,2 млс во насока 18 ч. Средната рамноденица на J2000.0 се префрлува од почетокот на ректасцензијата по ICRS за 78±10 млс (непосредна ротација околу поларната оска).
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- Обичајни правила на IERS во 2003 г. - го утврдува ICRS и сродните стандарди (англиски)
- Општи информации за ICRS (англиски)
| Оваа статија од областа на астрономијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |