Прањани

Координати: 40°44′N 22°13′E / 40.733° СГШ; 22.217° ИГД / 40.733; 22.217
Од Википедија — слободната енциклопедија
Прањани
Άσπρο
Прањани is located in Грција
Прањани
Прањани
Местоположба во областа
Прањани во рамките на Вртикоп (општина)
Прањани
Местоположба на Прањани во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°44′N 22°13′E / 40.733° СГШ; 22.217° ИГД / 40.733; 22.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаВртикоп
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно808
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Прањани (познато и како: Прахна или Прахњани; грчки: Άσπρο, Аспро; книжевно: Ἄσπρον, Аспрон; до 1926 година: Πράχνα, Прахна[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 7 километри југоисточно од градот Вртикоп, сред пространото воденско-пазарско поле, на надморска височина од 20 метри.[3] Селскиот атар зафаќа површина од 7 квадратни километри.

Сместено е во областа Сланица, на околу 18 километри југоисточно од градот Воден.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото Прахна до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[3]

Во 1924 година, грчките власти во селото започнале да населуваат бегалски семејства од Источна Тракија и од други места. Во 1928 година, Прањани претставувало мешана населба со 31 бегалско семејство со вкупно 115 жители.[4]

Во 1926 година селото било преименувано во Аспро (Άσπρο).[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Бидејќи се наоѓа во поле и земјиштето, кое е многу плодно, се наводнува, главното занимање на населението претставува земјоделството. Подигнати се големи плантажи со овошје, но се произведуваат и градинарски култури, детелина, памук и друго. Делумно е развиено и краварството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 230 жители Македонци и 60 Роми.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пранани (Pranani) имало 320 Македонци.[3][7]

Во 1920 година, Прањани било посочено со 30 македонски куќи.[3][8]

Во пописот од 1913 година било забележано со 123, а во 1920 година со 197 жители, сите Македонци. Во 1924 година, грчките власти тука населиле бегалски семејства од Источна Тракија и од други места (вкупно 124 бегалци). Така, селото станало мешана населба која во 1928 година имала 360, а во 1940 година 497 жители (од нив 285 Македонци и 212 бегалци). Бројот на жителите во 1951 година се искачил на 630, во 1961 година на 722, во 1971 година на 746, во 1981 година на 814, а во 1991 година на 851 жител.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 794 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 808 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 497 630 722 746 814 851 794 808
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Прањани, во кој е единствено село.

Личности[уреди | уреди извор]

Починати во Прањани

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γρόπινον -- Άσπρο
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 56.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190 - 191.
  8. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)

Белешки[уреди | уреди извор]