Портал:Религија/Избрана личност/2008

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани биографии во порталот:Религија се оние статии поврзани со животниот пат на религиозните личности кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една биографија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната биографија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со некоја религиозна личност на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Тома Аквински (o. 1225 — 1274) — теолог и свештеник.Во денешно време е многу ценет светец од страна на црквата.

Свети Тома Аквински е италиански теолог и филозоф. Тој е основоположник на томизмот, една од средновековните школи, кои лежат во основата на касните филозофски погледи на католичката црква, во 1879 годиина прогласена официјално од папата Лав XIII во сите католички учебни програми. Тој се смета од страна на католиците за еден от најголемите теолози во историјата и за еден од триесет и тројцата доктори на црквата. Прочитајте повеќе


ноември

Шри Чинмој (1931 — 2007) — индиски философ и учител (гуру) кој емигрирал во САД во 1964

Шри Чинмој е роден во Шакпура, мало село во Источен Бенгал, денешен Бангладеш, во 1931 година, како најмлад од седумте деца. По смртта на неговите родители, во 1944, 12-годишниот Чинмој оди во Ашрамот на Шри Ауробиндо, духовна заедница во близина на Пондичери во Јужна Индија. Тука тој ги поминува наредните 20 години во духовна пракса-вклучувајќи долги часови на медитација, атлетила, пишување поезија, есеи и духовни песни. Прочитајте повеќе


октомври

Папата Свети Лав I (400 — 461) — папа на римската црква од 29. септември 440. год. до 10. ноември 461.

Тој бил римски аристократ, црковен учител, и првиот папа од римската црква што бил наречен „Велики“. Познат е по тоа што го пресретнал хунот Атила пред портите на Рим, но и по зацврстувањето на римската црква и проширувањето на јазот со Византија. Во таа смисла, Лав I е еден од основачите на римокатолицизмот и водечка личност во централизацијата и организацијата на Римокатоличката црква.

Католичката и многу англикански цркви го одбележуваат 10. ноември како ден на Свети Лав, а православните цркви го одбележуваат 18. февруари. Прочитајте повеќе


септември

Тенцин Ѓацо (р. 1935) — XIV и тековен далај-лама. Неговото вистинско име е Ламо Дондруб,а подоцна го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Ѓацо. Тој е религиозен поглавар со големо влијание врз религијата во Тибет. Тој го проповеда учењето Гелуг, а е и претседател на владата во егзил (во Дарамсала, Индија). Тенцин Ѓацо е и добитник на Нобеловата награда за мир во 1989 година. Тој е и најголемиот будистички свештеник во светот.

Тој бил петто од шеснаесетте деца родени во земјоделско семејство во селото Такцер, Кингаи, каде што го научил дијалектот Амдо како негов прв јазик. Тој бил прокламиран како тулку (реинкарнација) на тринаесеттиот далај-лама, Тубтен Ѓацо 2 години по неговото раѓање. Тој бил поставен на тронот како далај-лама на 17 ноември 1950, само еден месец по изврешаната инвазија на Народната ослободителна армија врз Тибет. Прочитајте повеќе


Архива на избрани личности
2011
Јустинијан I · Свети Григориј Богослов · Богородица Марија · Гијом Тирски
2010
Папа Лав IX · Ѕанабаѕар · Џалалудин Руми · Конфуциј · Марија Магдалена · Соломон · Лао-це · Перун · Свети Пио · Алистер Кроули · Ра · Ибн Араби
2009
Мухамед · Папа Бенедикт XVI · Заратустра · Исус Христос · Буда · Нанак · Свети Јован Крстител · Лозанг Ѓацо · Давид · Абу Бакр · Озирис · Свети Никола
2008
Тенцин Ѓацо · Папа Лав I · Шри Чинмој · Свети Тома Аквински