Шри Чинмој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шри Чинмoj Kумaр Гoш
Шри Чинмoj Kумaр Гoш

Шри Чинмoj Kумaр Гoш[1] (27 август 1931 - 11 октомври 2007) бил индиски философ и учител (гуру) кој емигрирал во САД во 1964.[2]

Шри Чинмој е роден во Шакпура, мало село во Источен Бенгал, денешен Бангладеш, во 1931 година, како најмлад од седумте деца. По смртта на неговите родители, во 1944, 12-годишниот Чинмој оди во Ашрамот на Шри Ауробиндо, духовна заедница во близина на Пондичери во Јужна Индија. Тука тој ги поминува наредните 20 години во духовна пракса-вклучувајќи долги часови на медитација, атлетила, пишување поезија, есеи и духовни песни.

Уште како млад, Чинмој имал многу длабоки внатрешни искуства. Во годините што следеле достигнал многу напредни состојби на медитација. Во 1964 година, тој се преселил во Њу Јорк за да го сподели неговото внатрешно богатство со „искрените трагачи на Западот“.

Шри Чинмој на аспирацијата - незапирливиот копнеж на срцето за сѐ повисоки и подлабоки реалности - гледа како на духовна сила којашто стои зад сите големи напредувања во религијата, културата, спортовите и науката. Според неговите учења, живеејќи во срцето и стремејќи се за постојано себе-надминување, мажите и жените можат да го изнесат напред најдоброто во нив и да го најдат својот пат кон вистинското задоволство. Тој вели:

Нашата цел е да се оди од светло кон посветло и најсветло, од високо кон повисоко и највисоко. Дури и во највисокото нема крај на нашиот прогрес, бидејќи самиот Бог е внатре во секој од нас и Бог во секој момент ја транцендира Својата сопствена Реалност.

Белешки[уреди]

  1. Sands 2001, стр. 26. Шри Чинмој е името под коешто гуруто проповедал, издавал, компонирал и изведувал од околу 1972 година. Пред тоа бил познат како Шри Чинмој Кумар Гош (пр. „Many at U.N.“, Њу Јорк Тајмс, 8 ноември 1971: 42). На повеќето од своите слики и цртежи се потпишувал како C.K.G ("C.K.G." Jharna-Kala Magazine 1.1 (април.–јуни 1977): 1).
  2. Dua 2005, стр. 7.

Надворешни врски[уреди]