Поделба на Отоманската империја

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Историја на Отоманска империја
Грб на Отоманската империја
Дел од серијалот
Подем (1299–1453)
Интеррегнум
Територијално проширување (1453–1683)
Стагнација (1683–1827)
Женски султанат
Копрулска ера
Ерата на лалињата
Пад (1828–1908)
Танзиматска ера
Прва уставна ера
Распаѓање (1908–1918)
Поделба (1918–1922)

Отоманска империја Portal
 п • р • у 

Поделбата на Отоманската империја (30 октомври 1918 - 1 ноември 1922) бил политички настан што се случил по крајот на Првата светска војна. Во големиот конгломерат на територии и народи кои претходно живееле во Отоманската империја, нејзината територија била поделена на неколку нови држави.

Поделбата бочла планирана уште од првите денови на војната, иако противниците на Отоманската империја не се согласувале во текот на нивните воени интервенции и направиле неколку двојни и тројни договори. По окупацијата на Истанбул од страна на британските и француските војници во ноември 1918 година, османлиската власт се распаднала целосно и го потпишала Договорот од Серв во 1920 година. Сепак, турската војна за независност ги принудила поранешните сојузници да се вратат на преговарачка маса пред договорот да може да се ратификува. Турската војна за независност завршила со потпишување на Лозанскиот договор од 1923 година.

Поделбата на Османлиската империја придонело до создавањето на модерната Република Турција. Лигата на народите доделила на Франција мандати во Сирија и Либан, на Обединетото Кралство во Месопотамија и Палестина а на делови од Арапскиот полуостров биле формирани современи држави како Саудиска Арабија и Јемен (не под овие имиња).