Панонско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Панонското Море за време на миоценот.

Панонско Море — древно плитко езеро на местото на денешната Панонската Низина во Средна Европа. Постоело за време на миоценот и плиоценот, и оставило талози на длабочина од 3-4 км под низината. Се простирало на територијата на Унгарија, Србија, Хрватска, Словачка, Романија, Австрија и Украина.

Историја[уреди | уреди извор]

Во текот на најголемиот дел од неговото постоење, морето било поврзано со големото море Паратетис, сè до пред 10 милиони години, кога миоценското издигање на Карпатите го одвоило од остатокот од Паратетис.

За време на првата фаза, Панонското Море на запад било поврзано со Средоземното Море низ пределите на денешното Лигурско Море, Баварија и Виенската Котлина. Преку Ѓердапската Клисура било поврзано со големото Паратетис преку Влашко-понтската Низина. Панонското Море било исто така поврзано со Егејското Море преку денешната Прешевска Долина и Македонија.

Панонското Море постоело околу 9 милиони години. Во текот на историјата неговата соленост се менувала. Намалувањето на соленоста предизвикало појава на ендемски животни. Со време врската со Паратетис била прекината, и станало езеро (Панонско Езеро). Последниот остаток — Славонското Езеро — пресушило во плеистоценот. Остатоците од некогашните острови на Панонското Море се денешните Панонски островски планини (Мечек, Папук, Псуњ, Крндија, Диљ, Фрушка Гора и Вршачките Планини). И покрај нивната местоположба, езерото Балатон и Нежидерското Езеро, појавени во изминатите 20.000 години немаат никаква врска со ова древно море.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kázmér, Miklós (1990). „Birth, life and death of the Pannonian Lake“ (PDF). Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology. 79 (1–2): 171–188. Bibcode:1990PPP....79..171K. doi:10.1016/0031-0182(90)90111-J.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]