Отоманско-венецијанска војна (1714–1718)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Отоманско-венецијанска војна (1714–1718)
Дел од Отоманско-венецијански војни
Датум 1714–1718
Место Пелопонез, Јонско Море, Далмација
Исход Османлиска победа; Пожеравски договор
Територијачни
промени
Мореја била вратена на Османлиите
Завојувани страни
 Венецијанска Република


Habsburg Monarchy Австрија
 Португалија
 Sovereign Military Order of Malta
 Папска Држава
 Шпанија

 Отоманска империја

Седмата османлиско-венецијанска војна се водела меѓу Република Венеција и Османлиската империја во периодот од 1714 до 1718 година. Овој конфликт бил последниот меѓу двете земји и завршил со победа на Османлиите и губење на венецијанските територии во Мореја односно Пелопонез. Венеција била спасена од голем катастрофален пораз од страна на Австрија која интервенирала во 1716 година. Австриските победи довеле до потпишување на договорот од Пожаревац во 1718 година. Оваа војна исто така е позната како Втора морејска војна[1] или Малата војна во Хрватска[2] .

Позадина[уреди]

Во Големата турска војна (1684-1699) Отоманската империја била принудена да направи неколку територијални отстапки на Австрија и Венеција, вклучувајќи го и полуостровот Мореја. Османлиите биле решени да си ги вратат своите територии и Венеција, како послаба од двете, била избрана како прва цел. Војната започнала во 1714 година.

Освојување на Мореја[уреди]

Османлиите објавиле војна на 9 декември 1714 година, користејќи го како изговор прекршоците кои ги направиле некои венецијански трговци. Во текот на првите месеци од 1715 година, тие собрале армија од околу 70.000 луѓе во Македонија под раководство на Големиот везир Силахдар Дамат Али Паша. Големиот везир марширал кон југ, каде во главниот камп во Теба пристигнал кон почетокот на јуни. Во меѓувреме османлиската флота која броела 80 воени бродови била зарбена кај островите Тинос и Аигина[3].

Венецијанците, кои немале голема постојана војска и се потпирале главно на платеници, можеле да соберат 8.000 војници и 42 претежно мали бродови, под команда на капетан Џеронимо Делфино[4]. Венецијаните немале доволно војска, а освен тоа локалното грчко население не ја сакала венецијанската управа. Од друга страна пак големиот везир им обеќал дека сигурност на нивните имоти. Во такви услови Венецијанците биле оставени во изолација во нивните тврдини кои ги изградиле по зазимањето на Мореја.

На 25 јуни османлиската војска преку Коринт влегла во Пелопонез. Тврдината Акрокоринт се предала по кратка опсада бидејќи сметале дека ќе бидат спасени нивните животи. Сепак по влегувањето во тврдината следувал грабеж од јаничарите и убивање на локалното населене. Во овој напад само 180 Венецијанци биле спасени, и тие побегнале кон Крф.[5]. По Коринт Османлиите го нападнале градот тврдина Нафплио кој бил како главна база на Венеција во Мореја. Градот бил бранет од страна на 2.000 војници. Но по само 9 дена градот паднал. Во следните денови биле заземени Пилос и Корони без борба, а по ова и Метони. Останатите венецијански упоришта, вклучувајќи ги и последните преостанати населби на Крит исто така капитулирале во замена за безбедно заминување. Во рок од сто дена, целиот Пелопонез бил повторно преземен од страна на Османлиите.

Опсада на Крф[уреди]

По нивниот успех во Мореја, Османлиите се преселиле кон венецијанските поседи во Јонско Море, односно островот Лефкада кој Венецијанците го владееле од 1684, и тврдина Бутринто спроти градот Крф. На 8 јули 1716 година.[6], османлиската војска од 33.000 луѓе се упатила кон Крф. И покрај нерешителната поморска битка истиот ден, отоманската пешадија продолжила со да напредува кон градот Крф. На 19 јули по зазимањето на околните тврдини започнала опсадата на Крф. Одбрана била предводена од грофот Јохан Матијас фон дер Шуленбург кој имал околу 8.000 војници под негова команда. По големите битки и големиот број на жртви од двете страни, опсадата била повлечена на 20 август[7].

Австриска интервенција[уреди]

Во летото на 1715 година, пашата на Босна марширал против венецијанските имоти во Далмација, со армија која наводно броела 40.000 војници. Османлиите биле поразени во Сињ, но османлиската закана за регионот не се намалила до австриската интервенција во конфликтот.

По обезбедувањето на Папа Климент XI финансиска поддршка и француската гаранција за австрискиот имот во Италија, Австрија била подготвена да интервенира. На 13 април 1716 императорот КАрло VI го објавил сојузот со Венеција по кое Османлиите објавиле војна на Австрија.

Битката кај Петроварадин и Опсада на Белград (1717)|опсадата на Белград довеле до голем притисок врз Османлиите и тие морале да започнат преговори. Така бил потпишан Пожаревски договор во 1718 година. Според договорот Османлиите изгубиле дел од Банат, Смедеревскиот санџак заедно со Белград и Северна Босна. Австрија со Белград управувала во следните 20 години. Од друга страна пак Османлиите го добиле Пелопонез и Крит.

Наводи[уреди]

  1. Lane (1973), p. 411
  2. Matica hrvatska Josip Ante Soldo: Sinjska krajina u 17. i 18. stoljeću (knjiga prva), Matica hrvatska ogranak Sinj, Sinj, 1995, ISBN 953-96429-0-6
  3. Finlay, p. 264
  4. Finlay, p.265
  5. Finlay, pp.266-268
  6. J. Norwich, A History of Venice, 579
  7. The history of Corfu at corfuweb.gr