Обединета Македонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Картата на Македонија во нејзините културолошко-географски граници, изработена од Димитрија Чуповски во Петроград во 1913 година
Картата на Македонија во нејзините културолошко-географски граници

Обединета Македонија е концепт за македонско национално единство во рамките на една држава и враќање на териториите на Македонија раздадени на соседните држави со Букурешкиот договор од 1913. Поимот е во употреба уште од раните 1900-ти, како сам за себе, така и во врска со Балканската Комунистичка Федерација.

Според ова гледиште Македонија се состои од:

Се смета дека во гореспоменативе региони македонското малцинство е потиснувано или угнетувано на еден или друг начин, иако тие земји не се изјаснуваат така пред меѓународната јавност, а Грција и Бугарија воопшто не признаваат дека на нивна територија постои македонско национално малцинство.

Концептот за обединета Македонија води корени уште од 1910 год. Една од главните платформи на Првата Балканска Социјалистичка Конференција во 1910 била разрешувањето на Македонското прашање. Георги Димитров во 1915 пишува дека Македонија, која е поделена на три дела, треба да биде обединета во една единствена држава која ќе ги ужива сите права во рамките на Балканската Демократска Федерација[1]. За обединувањето на поделената Македонија и нејзино конституирање како национална држава на македонскиот народ во подолг континуитет по нејзината поделба во 1913 година, силно се залагале Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски и неговата организација Македонско научно - литературно другарство во Санкт Петербург (МНЛД) кои покрај јавните прогласи во повеќе европски весници и испратените меморандуми до европските министри за надворешни работи, во 1914 година успеале да организираат и сесловенски конгрес во Русија на кој се барало признавање на посебноста на Македонците и обединување на Македонија, како нивна национална матична држава. Со цел за обединувањето на Македонија, во 1913 година во Петербург, Димитрија Чуповски ја изработил и издал картата на Македонија во нејзините етнички, географски и културолошки граници.

Идеајта за Обединета Македонија особено станала силна и распространета меѓу македонскиот народ во текот на втората светска војна, а кон крајот на војната достигнала и огромен број на приврзаници во редовите на македонските партизани и политички и национални дејци. На основа на идеајта за обединување на македонскиот народ и земја, партизанските единици во трите делови на Македонија биле во најтесни врски и најтесна соработка, а на првото и второто заседнание на АСНОМ присуствувале и делегати од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија. Идејата за Обединета Македонија и идејата за одење на македонските партизански единици на Солунскиот наместо на Сремскиот фронт во 1945 година, довела до големи неразбирања со највисокиот врв на КПЈ кои довеле и со немилите стрелања и масовни егзекуции на македонски партизани на скопското Кале и во Штип на 7 јануари 1945 година. Првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов - Ченто, официјално на Тито и на заседанија на АВНОЈ постојано го поставувал прашањето за обединувањето на Македонија, кое подоцна му било припишано како „изблик на сепаратизам и анти-југословенска политика“, но тој сѐ до крајот на својот живот не се откажал од идејата и правото на Македонците за обединувањето на нивната татковина - Македонија.

Идејата за обединување на сета Македонија под водство на комунистите била напуштена во 1948 кога грчките комунисти биле поразени во Грчката граѓанска војна и Тито раскрстил со СССР и просоветска Бугарија.

Идејата за Обединета Македонија меѓу македонскиот народ повторно станува силна кон крајот на осумдесетите и деведестите години на ХХ век, во времето на стекнување на независност на Република Македонија. Пред и веднаш по независноста на Република Македонија, Грција претпоставила дека идеите за обединета Македонија сѐ уште се активно поддржувани од државата, иако во Уставот на РМ јасно стои дека Република Македонија нема да се меша во територијалниот интегритет или управувањето на Грција. Следејќи го Уставот, ова никогаш се нема случено.

Денес за обединување на Македонија се залага десната партија ТМОРО-ВЕП, чие име во суштина гласи „Татковинска Македонска Организација за Радикална Обнова - Вардар, Егеј, Пирин-Преспа“. На нејзино чело стои Страшо Ангеловски, лидерот на поранешната МААК - Конзервативна партија.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]