Никос Коѕијас
Николаос Коѕијас Νικόλαος Κοτζιάς | |
---|---|
Министер за надворешни работи | |
На должноста 23 септември 2015 – 20 октомври 2018 | |
Премиер | Алексис Ципрас |
Претходник | Петрос Моливијатис |
Наследник | Алексис Ципрас |
На должноста 27 јануари 2015 – 28 август 2015 | |
Премиер | Алексис Ципрас |
Претходник | Евангелос Венизелос |
Наследник | Петрос Моливијатис |
Лични податоци | |
Роден(а) | 21 декември 1950 Атина, Грција |
Партија | Сириза |
Установа | Гисенски универзитет |
Никос Коѕијас или Николаос Коѕијас (грчки: Νικόλαος Κοτζιάς, роден на 21 декември 1950 г. во Атина, Грција) — грчки дипломат и политичар како и поранешен министер за надворешни работи. Првпат на таа функција бил од 27 јануари до 28 август 2015 година, а вторпат од 23 септември 2015 година до 20 октомври 2018 година[1]. Тој бил номиниран од левичарската политичка партија Сириза во јануари 2015 година да се заколне како член на кабинетот на премиерот Алексис Ципрас.
На 17 јуни 2018 година, заедно со неговиот македонски колега Никола Димитров и специјалниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации Метју Нимиц, го потпишал Преспанскиот договор со кој Република Македонија се преименува во Република Северна Македонија, ставајќи крај на 27-годишниот спор за името.
Библиографија[уреди | уреди извор]
- Глобализација; Историското место и иднината. Публикации Кастаниотис (2003)
- Активната демократска држава; Држава на нацијата и глобализација. Соавтор: Петрос Лиакурас. Публикации Кастаниотис (2004)
- Односите меѓу ЕУ и САД: Поправка на трансатлантскиот јаз. Уредено со Петрос Лиакурас. Полгрејв Мекмилијан (2006)
- Зад високите политики: Ветувања и граници на злижувањето, Во долгата сенка на Европа: Грците и Турците во ерата на постнационализмот. Брил (2009)
- Грчката надворешна политика во 21 век; За нова, активна, демократска стратегија во ерата на глобализација. Публикации Кастаниотис (2010)
- Спасувачката политика против Тројката и демократска Грција. Публикации Ливанис (2012)
- Грција, колонија на долгови; Европската империја и германскиот примат. Публикации Патакис (2013)
- Патриотизмот и левичарството. Публикации Патакис (2014)
Почести[уреди | уреди извор]
- Големиот крст на Орденот за заслуги (Португалија) - 30 јануари 2017 г.[2]
- Витез на Големиот крст на Орденот за заслуги (Италија) - 3 мај 2017 г.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ prizma.mk
- ↑ Орден бр. 4/2017, Дневник на републиката бр. 66/2017, Серија II 2017-04-03
- ↑ Никос Коѕијас, Почести на Италијанската Република
„Никос Коѕијас“ на Ризницата ? |
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Евангелос Венизелос |
Министер за надворешни работи 2015 |
Наследник Петрос Моливијатис |
Претходник Петрос Моливијатис |
Министер за надворешни работи 2015–2018 |
Наследник Алексис Ципрас |
|
|