Петрос Моливијатис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петрос Моливијатис
Πέτρος Γ. Μολυβιάτης
119-ти Министер за надворешни работи
На должноста
10 март 2004 – 15 февруари 2006
Премиер Костас Караманлис
Претходник Тасос Јаницитис
Наследник Дора Бакојани
На должноста
10 март 2004 – 15 февруари 2006
Претходник Тасос Јаницитис
Наследник Дора Бакојани
Лични податоци
Роден(а) 12 јуни 1928(1928-06-12)(95 г.)
Хиос
Националност Грција
Партија Нова Демократија
Вероисповед Грчка Православна црква

Петрос Моливијатис (грчки: Πέτρος Γ. Μολυβιάτης) (роден на 12 јуни 1928 на Хиос) е грчки политичар и Министер за надворешни работи на Република Грција во периодот од 2004 до 2006 година.

Моливијатис своето образование го завршил во Атина. По завршувањето на правниот факултет, тој бил вработен во Министерство за надворешни рабти на Грција. Во текот на својата политичка кариера, тој бил и амбасадор на Грција во Москва, Русија. Од 1974 до 1980 година, Моливијатис бил дипломатски советник и генерален директор на политичкиот кабинет на премиерот Константин Караманлис. За време на мандатот на Константин Караманлис, тој беше генерален секретар во канцеларијата на претседателот. Во 1996 и 2000 година на парламентарните избори бил избран за член на грчкиот парламент од страна на партијата Нова Демократија.

Тој бил назначен за грчки министер за надворешни работи мај 2004 година по победата на Нова демократија, партијата на парламентарните избори на 7 март 2004. Зборува англиски и француски. Тој е претседател на Фондацијата Константин Караманлис. Тој е оженет и има една ќерка и еден син.