Лимбург-Вајлбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лимбург-Вајлбург
—  Округ  —

Грб
Земја  Германија
Покраина Хесен
Адм. подр. Гисен
Адм. цент. Лимбург
Површина
 • Вкупна 738,44 км2
Население (31 декември 2013)[1]
 • Вкупно 169.964 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. LM
Портал www.landkreis-limburg-weilburg.de

Лимбург-Вајлбург (герм. Limburg-Weilburg) е округ во западниот дел на покраината Хесен, Германија. Се граничи со окрузите Лана-Дил, Горен Таунус, Рајнгау-Таунус, Рајна-Лана и Вестервалд.

Историја[уреди]

Во 1867 г. е создаден округот „Горна Лана“ со седиште во Вајлбург. Во 1886 г. е основан округот „Лимбург на Лана“ со седиште во Лимбург на Лана. Во 1974 двата округа се споени, образувајќи го Лимбург-Вајлбург.

Географија[уреди]

Округот е сместен помеѓу планинските подрачја Вестервалд и Таунус. Главна река е Лана, притока на Рајна.

Населени места[уреди]

Нас. места Општини
  1. Бад Камберг
  2. Вајлбург
  3. Лимбург на Лана
  4. Рункел
  5. Хадамар
  1. Безелих
  2. Брехен
  3. Вајлминстер
  4. Вајнбах
  5. Валдбрун
  6. Дорнбург
  7. Елбтал
  1. Елц
  2. Зелтерс
  3. Ленберг
  4. Менгерскирхен
  5. Меренберг
  6. Филмар
  7. Хинфелден

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]