Лана-Дил (герм. Lahn-Dill-Kreis) е округ во западниот дел на покраината Хесен, Германија. Се граничи со окрузите Зиген-Витгенштајн, Марбург-Биденкопф, Гисен, Ветерау, Горен Таунус, Лимбург-Вајлбург и Вестервалд.
Историја [уреди]
Во 1977, округот Гисен е споен со окрузите Вецлар и Дил, сочинувајќи го новиот округ Лана-Дил. Подоцна е утврдено дека округот е преголем, па затоа во 1979 Гисен отпаднал и повторно станал самостоен округ.
Географија [уреди]
Најважни реки во округот се Лана и Дил, според кои е наречен. Теренот е планински, со Вестервалд на запад, Таунус на југ, Ланско-дилскиот ридски крај на исток и Ротаргебирге (во Зауерланд) на север. Највисоката точка (671 м) се наоѓа близу Ритерсхаузен (дел од Дицхелцтал), а најниската (135 м) е во долината на Лана во Бискирхен (дел од гратчето Лојн).
Населени места [уреди]
Надворешни врски [уреди]
50.65, 8.366667