Гисен (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Gießen
—  Округ  —

Грб
Земја  Германија
Покраина Hessen
Адм. подр. Гисен
Адм. цент. Гисен
Површина
 • Вкупна 854,66 км2
Население (31 декември 2012)[1]
 • Вкупно 253.041 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. GI
Портал http://www.lkgi.de

Гисен (герм. Gießen) е округ во средишниот дел на покраината Хесен, Германија. Се граничи со окрузите Марбург-Биденкопф, Фогелсберг, Ветерау и Лана-Дил.

Историја[уреди]

Во 1821 г. војводството Хесен-Дармштат извршило преуредување на административните единици. На подрачјето на денешниот округ биле создадени окрузите Гисен и Гринберг. Во 1822 е создаден уште еден округ, Хунген. Во 1832 г. овие целини се заменети со поголеми единици, кои претставувале окрузи во денешна смисла, но сепак биле задржани двата округа (Гисен и Гринберг). Во 1837 неколку општини биле префрлени од Гринберг во Гисен, а Гинберг пак добил извесни општини од Хунген, кој повторно го добил статусот на округ во 1841.

По востанијата од 1848, окрузите се распуштени и заменети со административниот округ Гисен, но вратени по само четири години. Повојната во 1866, северозападниот дел на округот влегол во состав на Прусија. Во 1874 округот повторно се проширил.

Во 1938, округот го изгубил градот Гисен, но добил други општини.

По две мали измени во 1967 и 1971, во 1977 бил споен со окрузите Вецлар и Дил, образувајќи го Лана-Дил. Во 1979 е извршена повторна поделба, создавајќи го округот Гисен.

Географија[уреди]

Главна река во округот е Лана, која минува низ него во правецот север-југ.

Населени места[уреди]

Нас. места Општини
  1. Алендорф
  2. Гисен
  3. Гринберг
  4. Лаубах
  5. Линден
  6. Лих
  7. Лолар
  8. Полхајм
  9. Хунген
  10. Штауфенберг
  1. Бибертал
  2. Бузек
  3. Ветенберг
  4. Ланггенс
  5. Рабенау
  6. Рајскирхен
  7. Фернвалд
  8. Хојхелхајм

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

  • Гисен - окружен портал (германски)