Горен Таунус (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Горен Таунус
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Хесен
Адм. подр. Дармштат
Адм. цент. Бад Хомбург
Површина
 • Вкупна 482,06 км2
Население (31 декември 2012)[1]
 • Вкупно 228.098 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. HG
Портал http://www.hochtaunuskreis.de

Горен Таунус (герм. Hochtaunuskreis) е округ во средишниот дел на покраината Хесен, Германија и претставува дел од метрополскиот регион Рајна-Мајна. Се граничи со окрузите Лана-Дил, Ветерау, неврзаниот град Франкфурт, Мајна-Таунус, Рајнгау-Таунус и Лимбург-Вајлбург.

Горен Таунус и Штарнберг редовно се натпреваруваат за титулата „најбогат округ во Германија“.

Историја[уреди]

Округот е создаден во 1972 г. со спојување на дотогашните окрузи Обертаунус и Узинген.

Географија[уреди]

Географски, округот се простира низ планинскиот венец Таунус. Највисоката точка на венецот е врвот Голем Фелдберг (881 м), кој исто така му припаѓа на округот. Најниска точка е Горен Ерленбах (130 м). Богатите места во густо населениот јужен дел на округот влегуваат во поширокото подрачје на градот Франкфурт.

Населени места[уреди]

Нас. места Општини
  1. Бад Хомбург
  2. Кенигштајн на Таунус
  3. Кронберг на Таунус
  4. Ној-Анспах
  5. Оберурзел
  6. Узинген
  7. Фридрихсдорф
  8. Штајнбах
  1. Вајлрод
  2. Верхајм
  3. Гласхитен
  4. Гревенвисбах
  5. Шмитен

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]