Кети Пери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кети Пери
Биографски податоци
Родено име Кетрин Елизабет Хадсон
Роден(а) октомври 25 1984 (1984-10-25) (29 г.)
Санта Барбара, Калифорнија,
САД
Жанрови Поп, поп рок, денс-поп, електропоп, еуропоп, CCM
Занимања Пејач-текстописец, актерка
Инструменти Вокали, гитара, пијано
Период на активност 2001–present
Издавачи Red Hill, Island, Columbia, Capitol
Мреж. место katyperry.com
KATY'S signature.svg
Потписот на Кети Пери

Кетрин Елизабет Хадсон (англиски: Katheryn Elizabeth Hudson, 25 октомври 1984) или попозната како Кети Пери (Katy Perry) е американска пејачка и текстописец. Родена и израсната во Санта Барбара, Калифорнија во религиозно семејство и слушала религиозна музика. По завршувањето на нејзиното средно училиште, таа ја започната својата музичка кариера. Како Кети Худсон, таа издала госпел албум наречен како неа во 2001, кој поради затворањето на нејзината издавачка куќа, бил прогласен за неуспешен. Таа подоцна снимила албум со продукцискиот тим The Matrix и завршила поголем дел од својот соло албум од 2004–5, но ниту еден не бил издаден.

Откако потпишала со Capitol Music Group во 2007, нејзината четврта издавачка куќа за седум години, таа го присвоила името Кети Пери и го издала својот прв интернет сингл „Ur So Gay“ во номеври, кој привлекол внимание на публиката, но не се искачил на табелите. Таа ја зголемила својата слава со издавањето на нејзиниот втор сингл „I Kissed a Girl“ во 2008, кој се искачил мешу првите места на интернационалните табели. Првиот студиски албум на Кети Пери, One of the Boys следел подоцна истата година и последователно станал триесет и третиот најдобро продаван албум ширум светот во 2008 година.[1] Добил платинумска сертификација од RIAA, додека „I Kissed a Girl“ и нејзиниот втор сингл „Hot n Cold“ добиле мулти-платинумска сертификација. Нејзиниот следен студиски албум Teenage Dream бил издаден во август, 2010 година и се искачил на првото место на Билборд 200 табелата. Албумот ги вклучувал хит-сингловите „California Gurls“, „Teenage Dream“, „Firework“ и „E.T.“ и сите се искачиле на табелите на Билборд Хот 100.[2]

Пери се појавила како гостин од судиите на седмата сезона од британското телевизиско шоу The X Factor; издала парфем наречен „Purr“; и ќе се појави на филмот од 2011 Штрумфови. Пери имала долга врска со Трави Меккој, а се омажила со Расел Бранд на 23 октомври, 2010.[3]

Дискографија[уреди]

Студиски албуми

Филмографија[уреди]

ТВ
Година Наслов Улога Забелешки
2008 Млади и неуморни Самата 8914 епизода
2008 Див Оган Самата (Сезона 4, епизода 8)
2010 Американски Идол Гостински судија Сезона 9, епизода 5"
2010 The X Factor Гостински судија Сезона 7, епизода 2
2010 Улицата Сезаме Самата Онлајн специјално
2010 Симпсонови Самата 1 епизода, „Борбата Пред Божиќ
2011 Како Ја Запознав Мајка Ви Мед 1 епизода, „Ох, Меду
Филм
година наслов улога забелешка
2010 Get Him to the Greek Кети Пери
2011 Штрумфови Штрумфета глас

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Претходник
Снуп Дог
Водител на MTV Европски Музички Награди
2008–09
Наследник
Ева Лонгорија